fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Повик за понуди за истражување за ставовите на граѓаните

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, објавува јавен повик за доставување понуди за креирање и спроведување истражување на ставовите на граѓаните во областа на животната средина.

1. Вовед

Почнувајќи од декември, ИКС ќе реализира кампања за застапување и лобирање промени во политиките во областа на животната средина, фокусирајќи се на два конкретни проблеми: (1) управувањето со водните ресурси и (2) инспекцискиот надзор врз управувањето со минералните суровини, шумите, почвите и водите. Целта на кампањата ќе биде да се (а) подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми и (б) да се изврши промена на владините процедури и политики во овие области. ИКС има изработено два документа за јавна политика врз кои ќе се заснова кампањата, а кои ќе содржат анализа и увид во тековните проблеми и ќе понудат алтернативни решенија и препораки за решавање на проблемите.

Пред почетокот на кампањата, ИКС ќе спроведе истражување за да се соберат основни податоци во врска со ставовите на граѓаните за прашањата поврзани со кампањата за застапување. Резултатите од истражувањето ќе се користат за проценка на потенцијалната поддршка на граѓаните на темите на кампањата и за прилагодување на стратегијата за застапување.

2. Опфат на понудата

Во рамките на овој повик треба да се испратат понуди за спроведување истражување на ставовите на граѓаните врз основа на телефонска анкета, вклучувајќи:

  • Креирање унифициран прашалник на македонски и на албански јазик, во соработка со ИКС. Примерокот треба да биде на 1.100 испитаници од 18 до 65 години, а времетраењето на една телефонска анкета да биде од 10-15 минути;
  • Спроведување на истражувањето во периодот од 16 до 30 ноември 2020;
  • Пишување дексриптивен извештај и вкрстување на податоците до 30 ноември 2020 година. Податоците треба да бидат распределени и според полот на испитаниците.

3. Детали за аплицирање и останати информации

На овој повик се поканети да учествуваат агенции за истражување кои имаат искуство со дизајнирање и спроведување телефонски анкети. Понудите треба да се достават по електронски пат на најдоцна до 15 ноември 2020 година. Понудите треба да содржат опис на услугата и цена. ИКС ќе ги вреднува понудите според квалитетот на понудата, брзината на изработка, понудената цена и искуството на понудувачот.

Лице за контакт

Дејан Андонов, програмски координатор – ; 071 317 661