Со ефективен надзор против прекумерното искористување на природните ресурси
Документот за јавна политика служи како алатка во кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ на Институтот за комуникациски студии, со која се врши влијание во процесот на донесувањето одлуки и ќе се повика целната публика на акција во областа на управување со природните ресурси. Во документот се содржани податоци и увид во тековните проблеми со управувањето со природните ресурси кои бараат итно внимание и нудат алтернативни решенија и конкретни препораки за решавање на проблемите. Документот се заснова врз истражување и интервјуа со познавачи на областа.
Поголема одговорност или засилена пропаганда: новинарската етика во дигиталната ера
Документот „Поголема одговорност или засилена пропаганда: новинарската етика во дигиталната ера“ се фокусира на предизвиците и проблемите со кои се соочува новинарството во дигиталната ера. Документот нуди осврт кон легислативата од областа, преглед на случаи од практиката, и препораки за тоа како медиумите и новинарите да известуваат професионално и етички.
Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија
Документот „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“ се осврнува кон проблематиката поврзана со регулирање на онлајн медиумите и предизвиците и проблемите кои произлегуваат од овој процес.
Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?
Анализата „Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?“ има цел да утврди дали кампањите од јавен интерес кои беа спроведувани во медиумите во Македонија изминативе неколку години беа од јавен интерес или служеа на интересите на политичките елити или на други институции?
Мониторинг на демократијата во Македонија (МОДЕМ)
МОДЕМ се фокусира на набљудување на медиумските содржини и изработка на анализи кои треба да докажат дали постои корозирано медиумско известување кое го загрозува политичкиот плурализам во предизборниот и изборниот процес. Добиените анализи и податоци ќе им користат на граѓаните, цивилниот сектор, медиумските организации, носителите на одлуки и на меѓународната заедница при креирање поткрепени ставови и аргументи за иницирање политики.
Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија
Целта на анализата „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“ е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности со правото на јавноста „да знае“.
Приватност, информирање и јавниот интерес: правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае
Целта на овој документ е анализа на балансот помеѓу правото на приватност и правото на информирање на јавноста. Документот се осврнува на европското и македонското законодавство од областа на приватноста, на примери од праксата на медиумското известување во Македонија од овој аспект, и нуди препораки за подобрување на политиките во областа на приватност и информирање.
Прирачникот за јавниот интерес во новинарството
„Прирачникот за јавниот интерес во новинарството“ ги сублимира општоприфатените вредности, принципи, стандарди и практики во новинарската професија.
Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси
„Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“ ја анализира улогата на медиумите во штитењето на јавниот интерес во Македонија, и начинот на кој македонските медиуми го третираат јавниот интерес при известувањето. Документот го анализира медиумското законодавство на Македонија и нуди препораки за зајакнување на улогата на медиумите во заштитата на јавниот интерес во Македонија.
Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси
„Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“ се занимава со позначајните прашања врзани за јавниот интерес од аспект на уживањето на основните слободи и права на граѓаните и правните субјекти во Република Македонија. Целта на документот е да ги прикаже различните гледишта околу улогата на судовите во однос на балансирањето помеѓу индивидуалните слободи и права и јавниот интерес.