Здружените граѓани најдобро го штитат јавниот интерес: Научени лекции од проектот „Поврзи ги точките“
Создадовме граѓанска коалиција што им овозможува на граѓанскиот сектор, академската заедница, медиумите и јавните институции да соработуваат за подобро владеење.
Во каков град сакаш да живееш? Идеи за подобра животна средина
Во оваа публикација, можеме да прочитаме текстови од млади автори кои имаат да споделат идеи за подобра и поздрава животна околина. Текстовите се изработени во рамки на натпреварот за најдобар блог „Во каков град сакаш да живееш?“ организиран од Рес публика и Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Заедно ЗА природата: Водич за екоактивизам
Водичот за екоактивизам се фокусира на правните механизми за заштита на животната средина, екоактивизмот како граѓански ангажман, но и како да се создаваат кампањи за застапување на инцијативи од јавен интерес.
Регулирање водни тела или нелегален бизнис?
Кога не се обезбедени основните услови за прецизно уредување и одржување на водните тела, се создава клима во која мотивот за вадење на овие минерални суровини е лукративен и не се врши за остварување на јавниот интерес за заштита од штетно дејство врз водите. На ваков начин, наместо регулација на површинските водни тела, ископот на материјал станува нелегален бизнис со комерцијални цели.
Подобро координирање и спроведување на инспекцискиот надзор: Што ќе помогне?
Работата на инспекциските служби во животната средина има голема важност во превенцијата и санкционирањето дела што доведуваат до деградација на природните ресурси. Ефикасното планирање на редовните инспекциски надзори овозможува правилно насочување на ресурсите за следење и контрола онаму каде што е најпотребно.
Евиденција на притисоците врз водните ресурси: Кој ги загадува водите во Македонија?
Во отсуство на комплетна евиденција на корисници и загадувачи на вода не може да се утврди степенот на штетно влијание, па секоја управна мерка донесена од МЖСПП е паушална.
Мониторинг на водните ресурси: Како да се утврди реалната состојба?
Постојниот мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во Македонија е несоодветен за да даде реална слика за состојбата на водните ресурси. Причините за ваквата состојба се непостоењето програми за мониторинг и картографски прикази според барањата на Законот за води, недоволни финансиски и кадровски ресурси, лошата состојба на државните мерни станици и неисполнувањето на обврските за интерен мониторинг.
Извештај од анкетата за одржливото управување со водата и инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси
Целта на ова истражување беше да се добијат релевантни податоци од мислењето на граѓаните во врска со проблемите на кои се фокусира кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“: (1) одржливото користење и заштита на водните ресурси и (2) инспекцискиот надзор врз искористувањето со природните ресурси (минералните суровини, шумите, почвите и водите).
Проблеми во управувањето со водните ресурси: Како да ја користиме и заштитиме водата
Документот за јавна политика служи како алатка во кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ на Институтот за комуникациски студии, со која се врши влијание во процесот на донесувањето одлуки и ќе се повика целната публика на акција во областа на управување со водите. Во документот се содржани податоци и увид во тековните проблеми со управувањето со водите кои бараат итно внимание и нудат алтернативни решенија и конкретни препораки за решавање на проблемите. Документот се заснова врз истражување и интервјуа со познавачи на областа.
Со ефективен надзор против прекумерното искористување на природните ресурси
Документот за јавна политика служи како алатка во кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ на Институтот за комуникациски студии, со која се врши влијание во процесот на донесувањето одлуки и ќе се повика целната публика на акција во областа на управување со природните ресурси. Во документот се содржани податоци и увид во тековните проблеми со управувањето со природните ресурси кои бараат итно внимание и нудат алтернативни решенија и конкретни препораки за решавање на проблемите. Документот се заснова врз истражување и интервјуа со познавачи на областа.