fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

На 24-ти април и на 8-ми мај, граѓаните ќе имаат можност да гласаат за претседател на државата, односно за парламентарен состав. Навидум изгледа многу едноставно - излегувате на избирачкото место на кое што гласате, се идентификувате со личен документ и гласате. Но, на денот на изборите, па и додека тече кампањата, може да се случи во од да се случуваат бројни проблеми што ќе оневозможат секој граѓанин да си го исполни своето уставно право – да гласа.

Загрижува фактот за зачестените критики на влијателните политички актери (и од поранешниот премиер и од лидерот на опозицијата) кон медиумите, со што се поттикнува клима за недоверба кон медиумските работници и нарушување на слободата на изразување.

Македонија е загрозена од различни загадувачи. Загадувањето на воздухот е едно од највисоките во Европа, големата количина на отпад не се рециклира, се влошува квалитетот на водите, има прекумерна сеча на шумите, биодиверзитетот е загрозен од истребување, а климатските промени влијаат на производството на храна.

На неколку дена до официјалниот почеток на изборната кампања веќе е јасно дека Македонија е одамна во кампања, иако неформална. Партиите ја засилуваат реториката, јавноста е наелектризирана, па и поларизирана. Ова, помалку или повеќе, е нормално за една демократија во којашто се гласа на претседателски и на парламентарни избори, сѐ до моментот кога ќе почне да се прекршуваат правилата на игра, без разлика дали станува збор за злоупотреба на државни средства во партиски цели, неовозможување на избирачкото право или ширење штетни наративи. Државата да не се меша со партијата За потребите на изборната кампања, забрането е користење канцелариски простор, канцелариска опрема и

Штетните наративи се многу, а сепак, сите имаат иста цел. Не, не е за да ја информираат јавноста, зашто информирана јавност носи одлуки со своја глава. Главната намера е да се манипулира со јавноста, да се сее магла или поделеност во општеството, во кое не смее да има информирано, рационално и критичко одлучување во политичката сфера. Барем, така мислат оние кои ги продуцираат штетните наративи.

Овие појави не се создадени за да ја информираат јавноста, туку да ја убедат во лагата што ја смислиле, да бидат уверливи па дури да почнат и сами да веруваат во она што го зборуваат.