„Сопки“ што ги попречуваат граѓаните да гласаат
На 24-ти април и на 8-ми мај, граѓаните ќе имаат можност да гласаат за претседател на државата, односно за парламентарен состав. Навидум изгледа многу едноставно - излегувате на избирачкото место на кое што гласате, се идентификувате со личен документ и гласате. Но, на денот на изборите, па и додека тече кампањата, може да се случи во од да се случуваат бројни проблеми што ќе оневозможат секој граѓанин да си го исполни своето уставно право – да гласа.