fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Новости

Делегацијата на Европската Унија и Советот за етика во медиумите го објавуваат 16-тото издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата “Градење доверба во несигурни времиња”.

Втората работилница во рамките на Неделата против лажните вести ја организиравме со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Заедно со предавачите, Зоран Димитровски и Михајло Лахтов, учесниците учеа како функционираат медиумите и како влијаат врз нашите животи, а работеа и на откривање на лажните вести, дезинформациите манипулациите во медиумите.

Средношколците од скопската гимназија „Орце Николов“ беа нашите први гости на отворањето на Неделата против лажните вести. Низ практични примери, со вести од различни информативни редакции, учениците, со двајцата обучувачи Зоран Димитровски и Михајло Лахтов, учеа како да пронајдат новинарски пропусти, дезинформации, непоткрепени информации. Во време кога граѓаните во Македонија најмногу ги користат телевизијата и социјалните медиуми како извор на информирање, a сепак, како што покажа истражувањето на ИКС, недоволно се проверуваат овие информации, медиумското описменување и познавањето на новинарските професионални стандарди се исклучително важни за справување со напливот на лажни вести и дезинформации. Затоа, Институтот за комуникациски студии, во рамките на

Институтот за комуникациски студии (ИКС) подготвува серија обуки, дебати, онлајн квизови и видеа, како дел од Неделата против лажните вести од 12ти до 18ти ноември. Активностите имаат цел да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата која лажните вести, манипулациите и дезинформациите, ја нанесуваат на целото општество.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, пишување на документи за јавни политики и планирање и имплементирање на кампањи од јавен интерес. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра комуникација со целните публики, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

ИКС организира еднодневна работилница со потенцијални автори на тема „Академско блогирање“ на 28 септември (петок), со почеток од 9:30 часот. Работилницата ќе биде водена од професорка на Универзитетот на Источна Англија (UEA) и домашни експерти, а ќе се фокусира на техники и совети за пишување на академски блогови.