fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Повик за понуди за комуникациска стратегија

Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, објавува јавен повик за доставување понуди за изработка на комуникациска стратегија за кампања од јавен интерес за застапување и лобирање промени на јавни политики во областа на животната средина. Документите треба да вклучуваат стратегија, оперативен план и визуелен идентитет за кампањата и да бидат изготвени во согласност со принципите за кампања од јавен интерес и за застапување и лобирање.

1. Вовед

Проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“ треба да ги зајакне капацитетите за застапување на граѓанските организации, медиумите и другите интересни групи во Македонија, со цел да обезбеди подобро владеење во државата. Крајната цел на проектот е да се изврши влијание врз властите за овозможување дијалог за прашања од јавен интерес и тоа да се рефлектира во процесот на креирањето политики. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Меѓу останатите активности, ИКС ќе реализира кампања за застапување и лобирање промени во политиките во областа на животната средина, фокусирајќи се на два конкретни проблеми: (1) управувањето и употребата на природниот ресурс вода во Македонија и (2) управувањето и заштитата на минералните суровини (шума, почви и вода) со специфичен фокус на функционирањето на инспекциските служби. Целта на кампањата ќе биде да се (а) подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми и (б) да се изврши промена на владините процедури и политики во овие области. Во моментов, ИКС работи на изработка на два документа за јавна политика врз кои ќе се заснова кампањата, а кои ќе содржат анализа и увид во тековните проблеми и ќе понудат алтернативни решенија и препораки за решавање на проблемите.

Кампањата за застапување и лобирање ќе започне од декември 2020 година и ќе трае до крајот на 2021 година. Кампањата ќе ја спроведува ИКС во соработка со коалиција на граѓански организации, академски установи, неформални здруженија и други интересни групи.

2. Опфат на понудата

Во рамките на овој повик треба да се испратат понуди кои ќе предвидуваат изработка на следните документи:

  1. Комуникациска стратегија за кампања од јавен интерес за застапување и лобирање;
  2. Оперативен план за застапување и лобирање во период од 12 месеци;
  3. Креативни решенија за визуелен идентитет.
2.1. Стратегија за кампањата

Стратегијата за кампањата треба да ги содржи следните елементи, кои ќе бидат договорени во координација со ИКС:

  • Комуникациски цели – општа и специфични (SMART);
  • Целни јавности (лица од 16 до 65 години, носители на одлуки во владини и меѓувладини организации од областа, сегментирани според предложените активности на кампањата);
  • Употреба на дигитални и традиционални комуникациски канали (вклучително настани и други ативности);
  • Комуникациски пораки (наративот, за секоја целна група посебно);
  • План за мониторинг и евалуација.
2.2. Визуелен идентитет за кампањата

Визуелниот идентитет треба да вклучува креативни решенија за:

  • лого и слоган/и;
  • визуелен идентитет на просторот посветен на веб-страниците и социјалните мрежи на ИКС за кампањата;
  • графички дизајн (постер, урнеци за документи и презентации, итн.);
  • дизајн за интернет продукти (веб банер / гиф, насловна слика и објави на социјални медиуми, инфографики…);
  • дизајн на видео шпици (најавна и одјавна);
  • дизајн на промотивни материјали (еко-торба, еко-чаша, пенкало, тефтер).
2.3. Оперативен план за застапување и лобирање

Оперативниот план за застапување и лобирање треба да ги предвиди активностите за (а) подигнување на јавната свест и (б) промената на политиките на Владата и/или покренување законодавна иницијатива. Оперативниот план треба да опфаќа две сценарија: оптимално и најнеповолно сценарио во однос на ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19, предвидувајќи активности кои ќе може непречено да се спроведуваат и во најнеповолното сценарио.

Како пример за активности кои може да се спроведуваат, без да се исклучуваат и други, се следните:

  • изработка на медиумски производи (блогови, влогови, подкасти, документарци, видеа, реклама, новинарски продукти – прилози, текстови, фотоприказни);
  • вклучување на влијателни лица од социјалните медиуми (влогери, инстаграмџии);
  • организирање средби и комуникација со носители на одлуки, интересни групи и политички партии;
  • медиумско партнерство;
  • поддршка на идеи на студенти од факултети со сродни студии на темите на кампањата;
  • поддршка на активистички иницијативи/организации за организирање акции на терен;
  • организирање дискусии (со говорници од странство) на факултети и во медиуми;
  • герила маркетинг;
  • и друго.

3. Детали за аплицирање и останати информации

3.1. Подобни апликанти

На овој повик се поканети да учествуваат агенции за маркетинг и односи со јавност или тимови од професионалци кои имаат искуство со дизајнирање и спроведување на кампањи од јавен интерес за застапување и лобирање. Агенциите можат да користат и надворешни соработници.

3.2. Начин и рок на аплицирање

Понудите треба да се достават по електронски пат на најдоцна до 15 септември 2020 година. Понудите треба да содржат концепти за стратегија, визуелен идентитет и оперативен план, цена и портфолио на агенцијата односно биографии на тимот професионалци.

3.3. Процедура за избор

ИКС ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Институтот го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. ИКС се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.

3.4. Лица за контакт

Жанета Трајкоска, директорка – ;

Дејан Андонов, програмски координатор – ;