Онлајн предавање: Како да станеш незаменлив во која било организација
ИКС и Римската школа за бизнис те покануваат на бесплатниот настан „Како да станеш незаменлив во која било организација“ со Мирослав Драганов и Валерио Манчини кој ќе се одржи онлајн на 30 ноември (среда) од 16:00 до 17:00 часот.
Што ќе научиш?
- Навики што ќе те направат незаменлив/а во која било компанија и организација.
- Клучни вештини што ќе ти помогнат во твојот кариерен развој.
- Важноста на „меките“ вештини за личен и професионален развој.
- Какви профили бараат најуспешните компании.
- Можност да ги прашаш предавачите за се што те интересира на оваа тема.
За кого е наменето ова предавање?
За студенти, млади професионалци, и секој што сака да напредува во својата кариера и сака да научи повеќе за практиките на регрутирање во некои од најуспешните компании во светот.
За предавачите
Мирослав Драганов е сериски претприемач кој го сруши Светскиот Гинисов Рекорд во најдолга презентација на бизнис идеи и ко-основач и Менаџер за продажба и маркетинг на македонскиот стартап WIDNET Solutions и ко-основач и Генерален менаџер на WIDNET Solutions S.p z.o.o. Киелце, Полска. Тој е и ко-основач и ментор / тренер за меки вештини во КО-КРЕАТОРИ – фокусирани на развој на социјалното претпремништво. Мирослав е еден од 11-те членови на Советот за одржливо влијание на Global Shapers Community – иницијатива на Светскиот економски форум, сочинета од преку 14.000 шејпери во повеќе од 150 земји.
Проф. Валерио Манчини е директор на Истражувачкиот центар на Римската школа за бизнис, аналитичар и политички експерт за меѓународни односи. Тој е и предавач на Институтот Армандо Курсио во Рим а бил визитинг предавач во Аргентина, Колумбија, Бразил, Кипар и Сирија. Има искуство со работа во повеќе други земји и во различни меѓународни организации (UNODC, UNICRI, MAOC-N и OECD) и национални асоцијации (MISAP, MASTERY и Младинскиот комитет на Италијанската национална комисија на УНЕСКО).
Доколку сакаш да научиш како да станеш незаменлив во која било организација од водечки експерти во областа, потврди го своето присуство ТУКА.