fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Меѓународна конференција: „Кревање на завесaта: справување со политички дезинформации преку зголемена институционална транспарентност“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) организира меѓународна конференција „Кревање на завесата: справување со политички дезинформации преку зголемена институционална транспарентност“. Конференцијата ќе се одржи на 13 декември 2022 година, во хотелот Лимак Скопје, со почеток во 9:30 часот.

На конференцијата ќе бидат претставени првичните наоди од истражувањето на ИКС за транспарентноста на македонската Влада како основа за спречување дезинформации, но и за тоа дали постојат институционални и човечки капацитети за препознавање и за справување со дезинформациите.

Дискусијата ќе биде збогатена со меѓународни истражувања за начините на мерење на ширењето дезинформации и на штетите што настануваат во општеството; за инструментализација на дезинформацииите за политички цели; за владините стратегии за спречување на дезинформациите, како и за хибридните напади и закани.

Дневен ред

Регистрација

За учество на конференцијата, потребно е да се регистрирате на формуларот за регистрација.

Краен рок за регистрација: 9 декември, 15:00 часот.

Важно: За регистрираните учесници надвор од Скопје ќе биде обезбедено покривање на трошоците за патување во висина на автобуски билет, само со приложување на сметката и билетот на увид. Поради ограниченоста на средствата, трошоците ќе бидат покриени по принципот ‘прв дојден, прв услужен’.

Меѓународната конференција е организирана како дел од проектот „Користи факти: употреба на новинарството засновано врз факти за подигнување на свеста и за спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, финансиран од Британската амбасада во Скопје. Проектот има за цел да обезбеди поддршка на граѓаните, на новинарите и на граѓанските организации да го зголемат јавното разбирање за потеклото, мотивите и влијанието на дезинформациите во општеството.

Instituti për Studime të Komunikimit (ISK) ju fton në konferencën ndërkombëtare “Hapja e grilave: Trajtimi i dezinformatave politike me rritjen e transparencës institucionale”. Konferenca do të mbahet më 13 dhjetor 2022, në Hotel Alexander Palace, me fillim nga ora 09:30.

Në konferencë do të prezantohen gjetjet fillestare të hulumtimit të ISK-së për transparencën e qeverisë maqedonase si bazë për parandalimin e dezinformatave, por edhe nëse ka kapacitete institucionale dhe njerëzore për identifikimin dhe trajtimin e dezinformatave.

Diskutimi do të pasurohet me hulumtime ndërkombëtare për mënyrat e matjes së përhapjes së dezinformatave dhe dëmeve që ndodhin në shoqëri; për instrumentalizimin e dezinformatave për qëllime politike; në lidhje me strategjitë e qeverisë për të parandaluar dezinformimin, si dhe për sulmet dhe kërcënimet hibride.

Agjenda e konferencës

Regjistrimi

Për të marrë pjesë në konferencë, duhet të regjistroheni në linkun e mëposhtëm.

Afati i regjistrimit: 9 dhjetor, ora 15:00.

E rëndësishme: Për pjesëmarrësit e regjistruar që jetojnë jashtë Shkupit, shpenzimet e udhëtimit do të mbulohen në shumën e biletës së autobusit, vetëm me dorëzim të faturës dhe biletës së paguar. Për shkak të mjeteve financiare të kufizuara, shpenzimet do të mbulohen sipas parimit të shërbimit, i pari që vjen i pari shërbehet.

Konferenca ndërkombëtare organizohet si pjesë e projektit “Përdor fakte: Përdorimi i gazetarisë së bazuar në fakte për ngritjen e vetëdijes dhe kundër dezinformatave në hapësirën mediatike në Maqedoninë e Veriut”, financuar nga Ambasada Britanike në Shkup. Projekti ka për qëllim të ofrojë mbështetje për qytetarët, gazetarët dhe organizatat e shoqërisë civile për të rritur kuptimin e publikut për origjinën, motivet dhe ndikimin e dezinformatave në shoqëri.