fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Оглас за ангажирање надворешни соработници за проектот „Користи факти“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) има потреба да ангажира новинари, аудио и видео монтажери, дизајнери на звук, графички дизајнери и сниматели како надворешни соработници во реализирањето на проектот „ Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и ќе трае до март 2025.

1. За проектот

Проектот „Користи факти“ треба да ја зајакне отпорноста кон дезинформациите на широката јавност и ранливите групи во Македонија. Тој цели да создаде длабински анализи, истражувачки стории, едукативни содржини и да понуди ресурси кои ќе ги мотивираат граѓаните поангажирано да дејствуваат во општествените случувања и ќе ја зголемат транспарентноста на институциите, со што ќе се намали просторот за ширење дезинформации.

Крајната цел на проектот е да се сензибилизираат граѓаните кон препознавање на структурата и содржината на дезинформациите, да се имунизираат против нивно ширење и да се изврши влијание врз властите за зголемена транспарентност во работењето и во процесите на носење одлуки за јавни политики.

Секоја година, проектот ќе биде насочен кон актуелни теми за кои најмногу се шират дезинформации во Македонија. Во првата година, темите се однесуваат на климатските промени и македонските ЕУ интеграции. Производите создадени во овој проект ќе бидат пласирани на четирите платформи на ИКС, но и на други партнерски медиуми на проектот. Секоја од овие платформи има свој домен и согласно истиот ќе се пласираат и продуктите.

  • Само прашај (samoprasaj.mk) – Платформа за комуникација со јавноста преку овозможување дијалог, одговарање на прашања, истражување и информирање за теми од јавен интерес.
  • Дома (doma.edu.mk) – Еколошка и едукативна платформа која истражува и едуцира за теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест.
  • Рес публика (respublica.edu.mk) – Блог кој претставува иницијатива за дигитално  граѓанство и ја јакне улогата на академската и стручната заедница во штитењето на јавниот интерес.
  • Медиум (medium.edu.mk)– Платформа за едукација на граѓаните во областа на медиумската писменост, пред сè на младите луѓе, која нуди простор за создавање на содржини од нивна страна.

Видовите продукти кои ќе бидат дел од проектот „Користи факти“ и ќе фигурираат на платформите на ИКС се следните:

  • Аудио поткасти
  • Мултимедијални приказни
  • Видео приказни
  • Блогови
  • Интервјуа
  • Фото стории
  • Постери
  • Едукативни постови (графики, фотографии)
  • Квизови
  • Интерактивни едукативни видеа

2. Позиции и опсег на работа

Главен уредник/чка

Новинар со повеќегодишно искуство, со новинарски и организациски вештини потребни да се уредуваат две медиумски платформи (Само прашај и Дома). Раководење на група новинари и нивниот процес на истражување, како и водење на дизајнери и монтажери со цел изработка на различни видови на новинарски продукти: видео стории, пишани стории, поткасти и мултимедијални истражувачки стории. Познавање на модерни новинарски истражувачки пристапи, продукти и изгледи. Подготвеност да пренесе знаење и да насочува помлади новинари и истражувачи. Потребно е одлично познавање на македонскиот литературен јазик. Искуство во дигитална редакција е предност како и уредничко искуство.

*Оваа позиција е предвидена со полно работно време, врз основа на годишни договори за времетраење на проектот.

Новинари/ки – видео прилози и мултимедијални стории

Новинар со повеќегодишно работно искуство на различни платформи (веб и телевизија), за изработка на различен вид продукти (истражувачки приказни, аналитички стории, мултимедијални приказни) и во соработка во тим со други новинари. Кандидатот треба да ги познава особеностите на пишуваното новинарство како и на онлајн и видео/ТВ новинарството. Потребно е да има желба за учење нови формати и да покажува способности за прилагодливост и работење на различни новинарски жанрови. Искуство во дигитална редакција е предност. Динамиката на работа е брза, со работа на повеќе новинарски продукти паралелно, со објавувачка динамика од минимум два продукти неделно.

Новинари/ки – аудио поткасти

Новинар и водител на аудио поткасти кој ќе го води истражувањето на сториите, интервјуата со соговорниците, ќе го пишува сценариото на емисијата и ќе работи со аудио монтажерот при завршување на продуктот. Пожелно е да има повеќегодишно искуство како новинар на истражувачки приказни и длабински анализи. Кандидатот треба да има добро познавање на македонскиот литературен јазик и да се служи умешно со него покажувајќи добра дикција и акцент. Важно е да поседува аналитички вештини, трпеливост и смисла за раскажување со која ќе успее да ги поврзе различните информации и да создаде заклучоци. Предност ќе имаат оние кандидати кои имаат искуство во продукција на аудио поткасти или пак во радио. Еднаш месечно ќе се продуцира нов поткаст на различна тема и за различна платформа. Би требало да потроши доволно време во истражување пред самото снимање.

Сниматели/ки

Динамична работа со посети на терен и патување низ Македонија, а поретко и во регионот. Се ракува со опрема Canon R, на статив или стабилизатор DJI Ronin S. Потребно е и познавање на основи на осветлување при работа во студио и со зелена позадина (green screen). Вештини за управување со дрон-камера се сметаат за предност. Дел од продуктите ќе бидат нестандардни и ќе има потреба од камера од рака со други алатки како камера од мобилен телефон или лаптоп. Потребно е адаптирање на овој израз, како и на останатите, постандардни студиски или теренски снимања. Динамиката на работа е брза, со чести снимања на неделно ниво (минимум два термина неделно)

Видео монтажери/ки

Потребно е искуство со Adobe Premiere Pro, Adobe After Effects, Adobe Photoshop. Динамична монтажа за продукти објавувани на социјални мрежи (Facebook, Instagram, YouTube) и телевизија. Дел од продуктите ќе имаат потреба од три различни верзии, во зависност од платформите на кои ќе бидат објавувани. Потребни се и вештини за аудио обработка на продуктите. Предзнаење во работа со зелена позадина (green screen) е предност. Дел од продуктите се замислени со силна застапеност на графички приказ на суштината (мапи, графикони, визуелни интервенции врз фотографии и документи итн.). Треба да се почитува визуелниот идентитет на проектот, јасно одреден претходно, при производство на сите видови на продукти. Динамиката на работа е брза, со производство на повеќе продукти неделно (минимум две неделно).

Графички дизајнери/ки

Потребно е искуство со Adobe Photoshop. Создавање објави за социјалните мрежи (Facebook, Instagram, YouTube) на сите платформи на ИКС (Само прашај, Дома, Рес публика и Медиум), кои вклучуваат постери, насловни фотографии или интервенции во видеа кои содржат графички прикази (мапи, графикони, илустрирања). Динамиката на работа е брза, со најмалку 10 продукти месечно.

Дизајнери/ки на звук

Аудио монтажер/ка и дизајнер/ка на звук за миксање на аудио поткасти за платформите Само прашај, Дома и Рес публика. Ќе ја врши монтажата на аудио снимките во блиска соработка со новинарот/ката. Ќе учествува во создавање на звучниот идентитет на секој од поткастите, преку создавање на воведни и одјавни звучни шпици, вметнување звучни ефекти и пакување на финалниот продукт. Потребно е претходно искуство со работа во радио или пак на поткасти и одлично владеење со некој од софтверите за аудио монтажа (Adobe Audition, Audacity или Hindenburg Journalist Pro). Еднаш месечно ќе се продуцира нов поткаст на различна тема и за различна платформа.

3. Начин на пријавување и селекција

Заинтересираните кандидати/ки треба да испратат работна биографија (CV) и линкови до најмногу 5 (пет) авторски продукти кои ги истакнуваат нивните вештини за позицијата за која се пријавуваат, најдоцна до 20.9.2022 на е-адресата .

Насловот на пораката треба да биде во следниот формат:
Позиција за која се аплицира – Име и презиме (пример: Новинар – Дејан Андонов)

Избраните кандидати/ки ќе бидат повикани на разговор.

 

Лице за контакт:

Дејан Андонов, програмски координатор во ИКС – ; 071 317 661