Како да се проучуваат дезинформациите кај децата и младите?
Бесплатна дводневна обука со д-р Јан Бозман од
Универзитетот за применети науки Артевелде, Белгија
28-29 септември 2023 | Хотел „Солун“ (Голема сала / 1 кат)
Како младите да се справат со дезинформациите? Научете да креирате едукативни материјали кои ќе ги направат децата, адолосцентите и останатите млади луѓе поотпорни на дезинформации. Или да дизајнирате истражувања и решенија прилагодени за младите, кои успешно ќе ги комуницирате со нив.
Што се учи?
На оваа обука ќе учите за: (1) различните форми на дезинформациите и како младите се справуваат со нив; (2) како можете да дизајнирате сопствено истражување за дезинформации и/или млади; (3) како можете да креирате едукативни материјали со кои ќе ги подобрите вештините за критичко размислување на младите луѓе; (4) како да ги вклучувате младите во вашиот проект и да комуницирате со нив за вашето истражување.
За кого е наменета?
Обуката е наменета за (млади) истражувачи, наставници, претставници на невладини организации и сите оние кои сакаат да се занимаваат со дезинформациите и/или младите луѓе. Стекнете сертификат за успешно завршена обука од Институтот за комуникациски студии.
Пријавувањето е до 21 септември (четврток)!
Програма
Прв ден (28 септември), 9:00-16:00 ч.
Сесија 1: Разноликоста на лагите и како тие влијаат врз младите
Дали имате „нос“ за лажни информации? Го тестираме тоа во оваа воведна сесија и зумираме на различните аспекти на „информацискиот хаос“. Освен на дезинформациите (лажните вести, манипулативните визуелни содржини и теориите на заговор), ќе посветиме внимание и на мисинформациите (врамувањето и кликбејтот на содржините) и злонамерните информации (говорот на омраза, тролањето). Ќе разгледаме како младите (децата, адолесцентите и останатите млади луѓе) се соочуваат со овие прашања и дали можат да ги разоткријат дезинформациите. Исто така, ќе разговараме дали и како дезинформациите се поголем проблем за младите, во споредба со другите возрасни групи.
Сесија 2: Проучување на дезинформациите кај младите
Откако ќе имаме преглед на состојбата, ќе учиме како самите да ги проучуваме дезинформациите кај младите. Поконкретно, ќе се фокусираме на тоа како може да се проучуваат дезинформациите со помош на анкета, фокусни групи и т.н. интервјуа со размислување на глас и како и кога треба да ги вклучите младите во вашето истражување. Овие методи ќе ви овозможат сами да дизајнирате истражување.
Втор ден (29 септември), 9:00-16:00 ч.
Сесија 3: Играње со врамувањето
Кои методи се ефективни за подобрување на вештините за критичко размислување кај младите? Што треба да имаме предвид при создавање на едукативни материјали? Исто така, ќе посветиме внимание на врамувањето на содржините: која е улогата на врамувањето во дезинформациите, како младите луѓе можат да го деконструираат врамувањето во (лажните) новинарски приказни и како тие самите да си играат со зборови и слики за да ја зголемат својата отпорност кон дезинформациите?
Сесија 4: Дизајнирање едукативни материјали за дезинформации
Да се знае што значи дезинформација, како да се проучи и да се подигне свеста на младите за тоа, е една работа. Но, на крајот треба да допрете и до младите со вашите решенија. Оваа завршна сесија ќе се фокусира на тоа како да се дизајнираат едукативни материјали за дезинформации и како да се искомуницираат со младите луѓе.
*Во текот на работилницата се обезбедени ручек и кафе паузи, а за оние кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени трошоците за пат и/или сместување.
Пријавувањето е до 21 септември (четврток)!
За предавачот
Д-р Јан Бозман е виш истражувач и предавач на Универзитетот за применети науки Артевелде, Белгија. Неговото истражување моментално се фокусира на употребата на вести и дезинформациите кај децата и адолесцентите. Има истражувачки интерес и за ангажирање на публиката во вести, врамување вести, наративно новинарство и спортско новинарство.
Како гостин-професор, тој предава(л) неколку предмети (на Слободен универзитет во Брисел (VBU), Католичкиот универзитет во Лувен (KU Leuven) и Универзитетот Артевелде (Arteveldehogeschool)), почнувајќи од теорија (Новинарски студии, Mедиумска социологија, Mедиумска политика) до пракса (Пракса во редакција, Спортско новинарство, Медиуми и публика). Како медиумски консултант, работел за новински организации за ангажирање на публиката во продукцијата на вести.