Повик за обука за обучувачи за известување за разновидност
Мрежата за известување за разновидност 2.0 (Reporting Diversity Network 2.0) ги поканува претставниците на граѓанските организации; активистите; бранителите на човековите права; новинарите и уредниците да учествуваат на обуката за обучувачи на тема Известување за разновидноста. Обуката ќе се одржи во Белград, од 11 до 13 ноември за 30 учесници од целиот Западен Балкан. Организаторите ќе ги преземат сите потребни епидемиолошки мерки за заштита од Ковид-19.
Учесниците на обуката ќе стекнат вештини што ќе им помогнат подобро да ги разберат и пренесат гледиштата на малцинствата; да препознаваат говор на омраза и наративи кои создаваат поделби како и начините на кои тие се манифестираат; и како да им се спротивстават на тие наративи. Тридневната работилница ќе се фокусира на три групи на вештини: водење кампања преку медиуми (campaigning), застапување (advocacy) и преземање правни дејствија (legal action).
Учесниците ќе стекнат знаења и вештини за канали, ресурси и методи за поефикасно и поактивно граѓанско ангажирање. На тој начин, спротивставувањето на неодговорното и честопати незаконско однесување на актерите во медиумската сфера ќе стане дел од нивната редовна практика за почитување на човековите права, владеењето на правото и стандардите за демократија во регионот.
Ова подразбира подобро информирани и поткрепени акции за застапување на граѓанските организации, насочени кон постигнување влијание во политиките, но исто така и менување на перцепциите на јавноста за неодговорното медиумско однесување преку ефективни кампањи. Токму од овие причини, Обуката за обучувачи ќе се фокусира на подобрување на вештините на учесниците за водење традиционални кампањи и кампањи на социјалните медиуми, како и подобрување на вештините за застапување.
Сите трошоци за патување и сместување ќе бидат покриени од организаторите. Во случај да имате некои посебни барања поврзани со патување и/или сместување, ве молиме известете нè во делот за коментари во формуларот за пријава.
Ве молиме имајте предвид дека, со цел да се обезбеди безбедна средина за работа, секој учесник треба да приложи сертификат за целосна вакцинација или негативен PCR тест (не постар од 48 часа).
За да се пријавите, пополнете го овој формулар најдоцна до 24 октомври. Избраните учесници ќе бидат контактирани најдоцна до 29 октомври.
Мрежата за известување за разновидност 2.0 е воспоставена од Институтот за разновидност на медиумите, Центарот за истражувачко новинарство Црна Гора, Центарот за истражувачко новинарство Босна и Херцеговина, Мрежата за професионализација на медиумите на Југоисточна Европа, Албанскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Институтот за разновидност на медиумите во Западен Балкан и Косово 2.0.
Мрежата е воспоставена како дел од 4-годишниот проект финансиран од Европската унија. Балканска фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов Фонд на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.