Чест е да си мајстор на својот занает
Многу учење. Секој нов ден, совладување нови предизвици. Градење на сонот со посветеност која ја претвора страста во цел.
Вака накусо изгледа патот од сон до реалност – да се стане успешен во својата професија. Но, она што е важно на овој пат е да се има поддршка. ИКС во партнерство со коморите на занаетчии на Македонија, Хрватска и Словенија започна еден долг пат уште во декември лани, кој ќе трае до следната година чија цел е подигање на квалитетот на мајсторскиот испит, како и поголема промоција на стручното образование за враќање на стариот сјај на занаетчиството.
Преку проектот Enhancing quality assurance and promotion of the master craftsman exam, се спроведе шестнеделна обука за дигитален маркетинг за занаетчиските комори на Македонија, Хрватска и Словенија со кои ќе можат во дигиталниот простор подобро да ја промовираат традиционална изработка и да го прикажат богатото културно наследство на трите земји.
За тоа колку е важно да се полага мајсторскиот испит, ИКС изработи видео со јасна порака: „Станувањето МАЈСТОР не е само дестинација, тоа е пат кој го одат најупорните. Чест е да си Мајстор!“