fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Новости

Начинот на кој се води една држава одредува и какви медиуми ќе има. Политичарите треба да покажат волја да создадат услови со кои ќе го поддржат новинарството, правото на критика. Новинарите пак треба да се солидаризираат, а не да почнат да издаваат лиценци за новинари, тоа е ужасна идеја, вели американскиот професор по новинарство, Џон Овен. Во моментов раководи со Фронтлајн во Лондон, а во својата богата кариера бил уредник во канадски Си-Би-Ес, Ал Џезеира, прв човек на Фридом форум за Европа, а деновиве во Скопје разговараше со новинарите и сопствениците на медиуми за промените во медиумскиот простор за кои

Новата генерација на постдипломци ја започнаа академската година со предметите Лидерство и управување со комуникации и Стратегиски комуникации и кризно комуницирање. Во текот на едногодишните и двегодишните магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации, тие ќе се оспособат да ги детектираат и истражуваат општествените појави во научното поле на комуникациите и да развиваат иновативни концепти за комуникација во различни општествени сегменти.

Односите со јавноста, огласувањето и новинарството имаат клучна одговорност во уништувањето на онлајн јавната сфера ако придонесуваат кон нејзина окупација и злоупотреба заради демонстрирање на нечија власт. За ова постдипломците по менаџирање на стратегиски комуникации дискутираа на средбата со професорот Пеџа Ашанин Голе од Словенија. Тие разговараа за деградацијата на поимот јавност и за улогата на јавноста, јавното, публицитетот, јавната сфера и интернетот во развојот на демократската мисла.

Четири постдипломки на магистерските студии успешно ги одбранија нивните трудови во текот на септември и октомври и се стекнаа со научно звање магистер по менаџирање на стратегиски комуникации. Kомисиите за одбрана ги оценија магистерските работи како научно и стручно издржани, кои можат да служат како дополнување на досегашните достигнувања на теоријата и праксата. Покрај тоа што претставуваат интересно четиво од академски аспект, магистерските работи имаат и практична тежина и можат да се препорачаат на сите професионалци кои работат во областа на комуникациите.

Поголема транспарентност во работата на власта и овозможување суштинска дебата која ќе ги канализира ставовите на различни групи граѓани, се предуслови за одговорно и отчетно владеење. Само на овој начин ќе може целосно да се остварува јавниот интерес, кој во Македонија различни елити на моќ неретко го инструментализираат. Ова е еден од заклучоците од денешната конференција што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“.

Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica ги повикува сите професори, студенти, медиумски и политички експерти, јавни службеници и други професионалци да се приклучат на иницијативата со пишување на академски блогови за теми за кои имаат докажана експертиза и искуство. Со блоговите треба да се подобри разбирањето кај јавноста за актуелните проблеми во општеството и да се понудат одржливи решенија содржани во академски статии и истражувања.

Повеќе од 30 учесници го следеа вебинарот за академско блогирање што го организираше Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес“. Млади истражувачи, студенти, новинари и колумнисти добија корисни совети како да напишат успешен академски блогпост заснован на научни наоди и податоци, но со кој на разбирлив начин ќе ја информираат пошироката јавност за актуелни комплексни прашања во општеството.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска го промовираше проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, кој има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и на медиумските професионалци за значењето на јавниот интерес во одржувањето на принципите на доброто управување.

Институтот за комуникациски студии развива активности за подигнување на свеста на граѓаните и едуцирање на медиумските професионалци за значењето на јавниот интерес во одржувањето на принципите на доброто управување. Наредните две години, во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: Јакнење на медиумите и граѓаните за заштита на јавната политика во Македонија“, ИКС (1) ќе креира документи за јавни политики и ќе организира дискусии по нив, (2) ќе развива редакциски уредувачки упатства за чување на јавниот интерес, вклучувајќи и тест за јавен интерес и (3) ќе ги поттикнува граѓаните и експертите на онлајн учество во јавната сфера преку блогот „Res

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го распиша конкурсот за запишување на едногодишните и двегодишните магистерски студии по менаџирање на стратегиски комуникации. Преку студиите ќе ги надградиш комуникациските, претприемничките и лидерските способности, ќе го демонстрираш твојот успех преку апликативни проекти и ќе изградиш цврста мрежа со етаблирани професори и професионалци.