fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Пристрасно селектирање – манипулација преку сокривање факти

Дали знаете како се прави политичка манџа? Не, не е вкусна и нема да го наполни вашиот стомак со храна, туку со штетни наративи. А, кога се подготвува манџата, понекогаш се зема само тоа што го одговара на тој што ја приготвува манџата, по негов рецепт. Тоа што не одговара, се трга настрана.

Ќе го кажеме само она што ни одговара

Пристрасно селектирање – се земаат само оние податоци за некој настан или случување кои ја поткрепуваат тезата на тој што го користи овој штетен наратив, а податоците или информациите кои што не одговараат или ја побиваат позицијата, едноставно се игнорираат.

Целта на овој штетен наратив, наречен пристрасно селектирање, е наведување на јавноста на погрешни заклучоци. Ова значи дека се искривуваат или менуваат одредени информации за да им одат во прилог на одредена политичка позиција или на одреден политички актер. Односно, ова значи дека тоа што ви одговара се става во рамка и тоа како апсолутна вистина им се нуди на граѓаните, особено на гласачите кои носат одлуки на избори.

Јавниот интерес е важен, но, на политичарите тоа не секогаш им оди во прилог. Тоа е причината зошто политичкото пристрасно селектирање е толку присутно – затоа што може да влијание и тоа со докажани ефекти врз однесувањето на гласачите, а со тоа и на изборните резултати. Помислете на ова.

Во една демократија, гласачи на избори носат одлуки засновани на точни информации, но, тоа кај нас не секогаш е случај, нели?

Без да ги имаат сите информации, граѓаните не можат да донесат одлука што е во нивен најдобар интерес. На пример, да ги идентификуваат проблемите што треба да ги реши нивната влада, да бараат одговорност за грешките на политичарите, да го заокружат името на оној кандидат за кој веруваат дека ќе работи во нивен интерес.

Политичкото пристрасно селектирање ја изложува јавноста на селективни информации за тасот на превагне на едната страна, односно, на страната која му одговара на тој што го пласира овој штетен наратив.

Медиумите треба да се проактивни

Медиумите и овде играат клучна улога зашто известувањето не смее да биде еднострано зашто така пренесуваат фабрикувани информации и промовираат само одредени политички позиции. Медиумите мора да ги проверат наодите коишто се користат како основа за обвинување на политички противници, да ја пренесат целата слика за одреден настан, случување или  ситуација, не смеат намерно да испуштаат информации што не му одат во прилог на некој од политичките актери, да не манипулираат со сликите, видеата и аудиозаписи. А, тоа често се прави.

Ви текнува, на пример кога бројат колку луѓе имало на некој митинг, па медиумите блиски до партијата којашто го организира собират ги преувеличуваат бројките, а другите ни прикажуваат снимки пред почетокот кога народот уште не е собран.

За повеќе, проверете го истражувањето ШТЕТНА за штетните наративи.