fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ТВ емисија Tag

Сатеска – 60 години болка за Охрдиско Езеро. Откако реката е пренасочена да се влива во езерото, внесува дури и до 130 тони дневно мил, ѓубре, фосфати…, со што го загрозува опстанокот на некои ендемични видови. Наместо ова да се спречи, и песокот што се вади од изградбата на автопатот Кичево-Охрид завршува во и околу Сатеска. Жителите стравуваат дека неправилното запирање на водата ќе ги поплави.

Модната индустрија е една од најголемите загадувачи. Одговорна е за дури десет отсто од емисиите на јаглерод диоксид во светот, што е за пет пати повеќе од загадувањето од авиоиндустрија. Текстилни фабрики произведуваат илјадници тони отпад и отпадни води.

Цели населени места во Македонија се без безбедна вода за пиење. Сè уште има луѓе кои воопшто немаат чиста и здрава вода за пиење. Други, пак, се снабдуваат од водоводи кои сами ги изградиле, со вода која не е биолошки и хемиски испитана.

Стари цевки, чести дефекти, неисправни водомери, диви приклучоци – земјава станува рекордер во загубите на вода. Јавните претпријатија бараат потрошувачите да штедат, а повеќе од половина од произведеното не стигнува до нив. Процентот на неприходувана вода достигна алармантни 63 насто. Гледајте во емисијата „Разбистри сѐ“.

Питката вода за пиење неконтролирано се троши и од компании, и од институции и од граѓаните на Скопје. Индустриски објекти користат вода колку жителите на неколку општини во градот. Се прскаат тревници, се наводнуваат бавчи, се приклучува на диво на водоводната мрежа.