fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Еразмус+ програма

Што претставува Еразмус + програмата?

Еразмус + е програма водена од Европската комисија која им овозможува на студентите од eвропските земји да студираат и да завршат дел од своите студии во некоја друга држава која има Eразмус+ програма.

Академската мобилност овозможува на студентите размена на образовно искуство во поинаква академска, културна и општествена средина. Како резултат на тоа, студентите кои оствариле студентска мобилност ги зголемуваат своите можности за вработување, се подигнува свеста кај поединците, како и нивото на толеранција и свесност за потребата од борба против сите облици на дискриминација. Во рамките на програмата, ИКС им овозможува на студентите студиски престој во некоја од високообразовните институции во Европа со кои има склучено договор за соработка.

За кого е наменета програмата?

Програмата е наменета за сите студенти со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку на втора година студии.

Износ на финансиските средства

Месечниот износ на финансиските средства за студентите се утврдува согласно правилата за финансирање на Европската комисија, по консултација со Еразмус координаторот на ИКС.

Времетраење на студискиот престој

Минималниот период за студентска мобилност е 3 месеци, а максималниот период изнесува 12 месеци.

Услови за аплицирање:
  • студентите да имаат завршено прва година од студиите;
  • да имаат постигнато солиден успех за време на студиите;
  • да имаат одлично познавање на англискиот јазик.
Како изгледа постапката за мобилност

Пред заминувањето на Еразмус + студиски престој потребно е:

  1. Склучување на Договор за грант кој го опфаќа периодот на мобилност. Договорот треба да биде потпишан помеѓу студентот и ИКС.
  2. Склучување на “Договор за учење – Learning agreement” за утврдување на програмата на студии, одобрен и потпишан од студентот, ИКС и од странскиот универзитет.
  3. Врачување на “Студентски Еразмус + чартер” кој ги поставува правата и обврските на студентот за времетраење на студентската размена во странство.

На крај на перодот од студирањето во странство:

Универзитетот мора да му обезбеди на студентот целосна  евиденција – потврда дека договорената програма е спроведена и реализирана. Воедно, универзитетот мора да обезбеди целосно академско признание за задоволително извршените активности во текот на периодот на мобилност како што е договорено во Договорот за учење, со користење на ЕКТС кредити или еквивалентен систем.

Информации и контакт

За повеќе информации за Еразмус+ програмата, на располагање ви стои Еразмус координаторот на ИКС, Бојан Георгиевски, на мејл адресата: .