fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Постдипломците дискутираа за значењето и деградацијата на поимот јавност

Односите со јавноста, огласувањето и новинарството имаат клучна одговорност во уништувањето на онлајн јавната сфера ако придонесуваат кон нејзина окупација и злоупотреба заради демонстрирање на нечија власт. За ова постдипломците по менаџирање на стратегиски комуникации дискутираа на средбата со професорот Пеџа Ашанин Голе од Словенија. Тие разговараа за деградацијата на поимот јавност и за улогата на јавноста, јавното, публицитетот, јавната сфера и интернетот во развојот на демократската мисла.

„Јавноста претставува интеракција на рамноправни поединци кои јавно расправаат за теми кои се важни за јавното добро. Јавноста e нешто што е и мора да биде видливо и достапно. Некој е јавен само ако е видлив во јавниот дискурс, со што станува достапен до другите“, вели професорот Ашанин Голе.

Тој објасни дека јавноста значи видливост заради контрола на власта бидејќи тоа што не е јавно, не е видливо. Таа подразбира морална должност да се расправа за нешто и јавно советување до прифаќање на одлуки. Исто така, јавноста има намера да ја легитимизира власта преку медиумите односно без јавност нема легитимна власт.

„Јавната сфера го опфаќа доменот на општествениот живот и вклучува соочување на мислења и антагонистичко комуницирање со власта. Таа претставува организирана инфраструктура на јавноста преку комуникациски канали и комуникациски простор. Тоа е посебен простор помеѓу државата и цивилното општество“, додаде професорот Ашанин Голе.

Јавноста се сели од сферата на државата во сферата на економијата и пазарот, особено со побарувањата и создавањето на јавното мислење преку спроведувањето на анкети. Во развојот на глобалната онлајн јавност, пак, значителен придонес имал интернетот. Интернетот овозможил разговори помеѓу луѓето што не било возможно во ерата на масовните медиуми, хиперлинковите ја срушиле хиерархијата, а луѓето кои живеат во вмрежени пазари сфатиле дека добиваат далеку подобри информации и поддршка едни од други, отколку од продавачите на пазарот.

Галерија од средбата