fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Популаризирање на комуникацијата за животна средина

Популаризирање на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност

Kомуникацијата за животната средина не е вклучена во постоечките образовни програми во Западен Балкан и Хрватска на начин што ги комбинира екологијата, комуникациите, новинарството и истражувањето. Затоа, проектот ќе воведе иновативен и интердисциплинарен пристап во креирање и реализирање на регионална онлајн-програма и можности за виртуелна мобилност. Шестмесечната специјализација ќе биде наменета за претставници од граѓанскиот сектор, истражувачи, предавачи во образовни институции, вработени во јавни институции и бизнис секторот, новинари, како и сите заинтересирани кои ќе сакаат да се едуцираат и усовршат за професионалци за комуникација во животната средина.

ИКС, заедно со Машинскиот факултет и поморска архитектура на Универзитетот во Загреб, Катедрата за биологија и екологија на Универзитетот Нови Сад, Факултет за политички науки на Универзитетот во Сараево и Катедрата за биологија на Универзитетот во Тирана, почна да го спроведува проектот „Популаризирање на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност“, финансиран од програмата на ЕУ, ЕРАЗМУС+.

Date: