fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ResPublica

ResPublica претставува академски блог на ИКС чија цел е да го поддржи гласот на академската и стручната заедница во штитењето на јавниот интерес. На ResPublica ги објавуваме ставовите и мислењата на професори, аналитичари, истражувачи, новинари, граѓански активисти, јавни службеници и студенти, притоа обрнуваме посебно внимание информациите да бидат презентирани на фактички точен, објективен и неутрален начин. Покрај блоговите се продуцираат влогови, видео поткасти и истражувања.

На овој начин ѝ овозможуваме на јавноста да формира ставови и да носи одлуки на информиран начин. Активностите се финансирани од Британската амбасада како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите во Македонијa“.

Date: