Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија
Институтот за комуникациски студии (ИКС) започнува проект кој ќе обезбеди поддршка на граѓаните, новинарите и граѓанските организации да го зголемат јавното разбирање за потеклото, мотивите и влијанието на дезинформациите во општеството. ИКС, преку своите медиумски онлајн платформи, ќе истражува, открива и деконструира кои се намерите, изворите и наративите на дезинформирање кои се закануваат да ја поткопаат довербата на јавноста во институциите и да ги зголемат поделбите во општеството. Овој пристап ќе ја нагласи штетата предизвикана од дезинформациите во Северна Македонија.
Проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“ е финансиран од Британската амбасада во Скопје и е во времетраење од септември 2023 до март 2025 година.