Проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ се фокусира на развивање на вештините за критичко размислување и критички пристап кон информациите кај младите кои им се потребни за да изградат отпорност на дезинформации и да придонесат за градење активно, одговорно граѓанство водено од емпатија.
Улогата на ИКС во овој проект е да ја унапредува соработката со високообразовните институции во земјата и странство. Секоја година ИКС доделува грантови на домашните факултети за вклучување на медиумската писменост во студиските програми, спроведува истражувања во областа, организира научен симпозиум и го објавува академскиот журнал КАИРОС чие прво издание беше објавено во јули 2022 година.
Времетраење: 2021 – 2026
Донатор: Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД)
Главен имплементатор: ИРЕКС
Партнери: ИКС, Македонски институт за медиуми (МИМ), Младински образовен форум (МОФ)