fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

вон. проф. д-р Љупчо Ефремов

Љупчо Ефремов дипломирал психологија на Филозофскиот факултет при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во 2005 година. На истиот факултет се здобил со звање магистер по психологија (2009) и доктор по психологија (2012). Во учебната 2004/2005 година работеше една година како демонстратор по Социјална психологија и администратор во истражувачки проекти на Институтот за психологија. Во периодот од 2006 до 2018 година работел во ГФК Скопје – компанија за истражување на пазарот, како менаџер за истражување и работење.

Од јануари 2019 година работи во Индаго (компанија за истражување на пазарот) како менаџер за истражување. Во текот на својата професионална кариера, Ефремов бил вклучен во голем број консултантски и истражувачки проекти за јавни институции, приватни компании, меѓународни организации и невладини организации. Исто така, тој посетувал различни обуки од областа на применетите истражувања. Неговото искуство во образованието вклучува предавања на Институтот за комуникациски студии (2019-денес), Универзитетот во Американ колеџ Скопје (2014-денес) и на Високата школа за новинарство и односи со јавноста (2011-2014).