fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

вон. проф. д-р Сефер Тахири

Доцент д-р Сефер Тахири има докторирано на Одделот за комуникации при Универзитетот Њујорк во Скопје на тема „Влијанието на политичките партии во уредувачката политика на јавнаиот серви МРТВ во периодот 1998-2006“. Магистерските студии ги има завршено на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје на тема „Влијанието на политичките партии во уредувачката политика на комерцијалните телевизии во Република Македонија”.

Освен тоа што е професор на Институтот за комуникациски студии, Тахири предава на Факултетот за јазици, култури и комуникација на Одделот за комуникации при Универзитетот на Југоисточна Европа. Тој е постар истражувач на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – интеркултурен сектор и е директор на Институтот за демократија и развој.

Сфери на неговиот академски и истражувачки интерес се медиумите и политиката, односите со јавноста, медумското известување за различности и слободата на изразување.