fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија за изразување на јавниот интерес

Целта на проектот е зајакнување на граѓанското општество во Македонија за заштита на јавниот интерес (транспарентност и отчетност на институциите).

Го спроведува: Институтот за комуникациски студии

Времетраење: 01.06.2016 – 31.03.2018

Донатор: Британска амбасада Скопје

Резултати од проектот

Резултат 1: Создадена отворена и интерактивна онлајн платформа со ресурси и производи за прашања од јавен интерес за невладините организации, медиумите и пошироката јавност www.samoprasaj.mk; Граѓаните добија можност да поставуваат прашања кои ги засегаат и да добијат одговори од претставници на јавните институции.

Резултат 2: Обуки и отворени образовни ресурси за невладините организации и медиумските професионални лица со цел развивање на комуникациските способности и успешно комуницирање преку „лепливи” пораки. Граѓанските организации ги развија своите вештини за да допрат до својата публика во бучниот медиумски простор со цел да направат поголемо влијание во општеството. 

Резултат 3: Преку Рес Публика, се овозможи поддршка на широка мрежа на креатори на јавното мислење и инфлуенсери да се вклучат во јавната дискусија за прашања од јавен интерес, прашања кои вообичаено не се третираат на медиумите во државата.

Резултат 4: Се спроведе и мониторинг на медиумските реформи за медиумски функции, како врска помеѓу оние кои владеат и оние кои се регулирани, и поставување основи за дискусија за тоа како би требало да се подобри медиумската сфера.