fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести

Цел на проектот

Целта на проектот е да се промовира писменост за вести и дигитална писменост, да се подобрат ефикасноста, одговорноста и етичкото однесување на граѓаните и новинарите во дигиталниот простор

Проектот ќе им помогне на граѓанските организации за поефикасно справување со лажните вести и со неетичкото известување на медиумите, при што корисниците на социјалните медиуми ќе добијат нови ресурси преку кои ќе се стекнат со знаења со кои ќе станат информирана публика која може да критички да ги следи вестите на интернет. Исто така, проектот ќе поттикне дебата за медиумска и дигитална писменост кај новинарите, со акцент на економските и социјалните услови за унапредување на слободата на изразување.

Го спроведуваат

  • Македонскиот институт за медиуми (лидер)
  • Институт за комуникациски студии (партнер)
  • Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (партнер)
  • Институтот за различност во медиумите од Лондон (партнер)

Времетраење: 01.01.2018 – 30.12.2020

Донатор: Европска Унија

Проектни активности

Активностите се обмислени да помогнат во подобрувањето на знаењата и капацитетите на целните групи, со цел тие да можат дополнително да ја промовираат медиумската и дигиталната писменост, како во медиумската индустрија така и меѓу пошироката публика. Некои од нив обезбедуваат обука, менторство и реинтеграција на организациите на граѓанското општество, подготовка на стратегија за социјални медиуми како и истражување за мотивацијата на корисниците на социјалните медиуми и разни образовни ресурси (видеа, вежби, блог постови, интернет квизови). Покрај тоа, се организираат и кампањи и медиумски настани наменети за корисниците на социјалните медиуми, за новинарите и за граѓанските организации, ќе се организира годишна награда за медиуми за промовирање на новинарството во интерес на јавноста и ќе се објавуваат месечни публикации за медиумските професионални лица.