fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

ДигитАКТ – Комуницирање за промена

Цел на проектот

Општата цел на проектот беше развој на капацитетите на граѓанските организации и граѓански иницијативи за ефикасна комуникација со граѓаните, целните групи и медиумите, овозможувајќи им да ги „продадат” нивните приказни кон јавноста, да обезбедат поголем опфат на јавноста и да го подобрат својот имиџ како застапници на јавниот интерес.

Го спроведува: Институтот за комуникациски студии

Времетраење: 01.06.2017 – 01.06.2018

Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка (имплементиран од МЦМС)

Го спроведува: Институтот за комуникациски студии

Опис на проектот

Целта беше да им се овозможи на граѓанските организации успешно да комуницираат со целните групи и со пошироката јавност со користење на новите медиуми преку кои може да се подобри видливоста и влијанието на нивните активности во јавноста. Активностите имаа за цел да ги усовршат вештините и знаењето на граѓанските организации за комуникација со граѓаните и со медиумите со користење на дигитални медиуми, со цел да ги информираат и да ги мобилизираат своите целни групи и граѓаните во насока на промовирање на јавниот интерес и да создадат услови за позитивна општествена промена. Тие се стекнаа со вештини и знаења за брза реакција преку користење на дигитални медиуми, кога, на пример, ќе откријат кршење на човековите права, законите и на демократскиот процес од страна на главните политички чинители и кои бараат итно мобилизирање на поддршка од граѓаните. Научија како да се одреди нивната целна публика за дигиталните медиуми, техники за комуницирање со целната публика на социјалните медиуми, но, исто така и брзо мобилизирање поддршка од граѓаните за различни иницијативи од јавен интерес. Проектот ги утврди слабостите на граѓанските организации во минатата комуникација со целната публика, граѓаните и медиумите и предложи најдобри практики кои граѓанските организации можат да ги применуваат во нивната стратегија за комуникација. Преку обука, тие ги направија повидливи резултатите од нивната работа и се во можност да започнат дискусија со граѓаните и со засегнатата јавност.