Цел на проектот
Целта на проектот е да се промовира писменост за вести и дигитална писменост, да се подобрат ефикасноста, одговорноста и етичкото однесување на граѓаните и новинарите во дигиталниот простор
Проектот ќе им помогне на граѓанските организации за поефикасно справување со лажните вести и со неетичкото известување на медиумите, при што корисниците на социјалните медиуми ќе добијат нови ресурси преку кои ќе се стекнат со знаења со кои ќе станат информирана публика која може да критички да ги следи вестите на интернет. Исто така, проектот ќе поттикне дебата за медиумска и дигитална писменост кај новинарите, со акцент на економските и социјалните услови за унапредување на слободата на изразување.
Го спроведуваат
- Македонскиот институт за медиуми (лидер)
- Институт за комуникациски студии (партнер)
- Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (партнер)
- Институтот за различност во медиумите од Лондон (партнер)
Времетраење: 01.01.2018 – 30.12.2020
Донатор: Европска Унија