fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

Не игнорирај! Реагирај!

„Не игнорирај! Реагирај!“ претставува кампања која Институтот за комуникациски студии заедно со група на медиуми, експерти, граѓански организации, иницијативи и активисти ја спроведува со цел:

  • изложување на проблемите со кои се соочуваме како заедница;
  • насочување на прашањата кон соодветните институции;
  • провоцирање решенија за подобра животна средина и квалитет на живеење.

Општата цел на кампањата е да се зголеми притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да го поттикнеме и насочиме граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Date: