Истражувачки области

Писменост за иднината и медиумска писменост

Брзите технолошки и општествени промени отвораат нови прашања за начинот на кој луѓето ја разбираат иднината, ги проценуваат информациите и носат одлуки во услови на неизвесност.

Што истражуваме

Развојот на вештачката интелигенција, промените во медиумската и информациската средина, дезинформациите, поларизацијата и намалената доверба во медиумите и институциите дополнително ја нагласуваат потребата од нови истражувачки пристапи што ќе помогнат подобро да ги разбереме овие процеси и нивното влијание врз поединците и општеството.

Во Институтот за комуникациски студии ја развиваме писменоста за иднината во тесна поврзаност со медиумската и информациската писменост. Истражуваме како луѓето ги создаваат своите претстави за иднината, кои претпоставки ги обликуваат нивните очекувања и како медиумите, дигиталните платформи и новите технологии влијаат врз нивното разбирање на сегашноста и можните идни промени. Посебен интерес претставува начинот на кој овие фактори влијаат врз критичкото размислување, однесувањето и учеството во јавниот живот.

Прочитај повеќе

Преку УНЕСКО Катедрата за писменост за иднината и медиумска и информациска писменост создаваме простор за интердисциплинарно истражување, размена на знаење и развој на нови методолошки пристапи. Ги поврзуваме комуникациските и медиумските студии со образованието, технологијата, демократското учество и истражувањата на иднината, со цел да придонесеме кон подобро разбирање на сложените промени во современото општество.

Истражувачката работа ја насочуваме и кон нејзината практична примена. Создаденото знаење го преточуваме во образовни програми, онлајн курсеви, методологии, медиумски содржини, ресурси и препораки за јавни политики. На овој начин ги поврзуваме истражувањето, образованието и практиката и создаваме можности за соработка со академски институции, граѓански организации, медиуми, јавни институции и меѓународни партнери.

Писменоста за иднината ја разгледуваме и како важен ресурс за јавниот интерес. Способноста на граѓаните и институциите критички да ги преиспитуваат информациите, да препознаваат различни можни развои и да носат информирани одлуки придонесува кон поголема општествена отпорност и поквалитетно демократско учество. Нашата цел е преку истражување, партнерства и примена на знаењето да придонесеме кон општества кои подобро ги разбираат промените и се поподготвени одговорно да ја обликуваат својата иднина.

Кој ја води оваа област

Истражувачки проекти

Публикации од оваа област

Поврзани вести