Целиот тим

Лејла Шабан

Соработник-истражувач и проектна менаџерка

Магистер по стратегиски комуникации

ИСТРАЖУВАЧКИ ИНТЕРЕС

стратегиски комуникации, медиуми, медиумска писменост, развој на комуникациски вештини, кампањи од јавен интерес

ПРОФИЛИ И БИБЛИОТЕКИ

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Лејла Шабан е проектна координаторка и соработник истражувач во Институтот за комуникациски студии (ИКС). Таа работи на развивање и спроведување проекти од областа на комуникациите, односите со јавноста, медиумите и новинарството. Нејзината работа е насочена кон дизајнирање и реализација на образовни програми и иницијативи за различни целни групи, меѓу кои млади, новинари, наставници, претставници на јавни институции, граѓански организации и други професионални заедници. 

Професионалната кариера ја започнала во Македонскиот институт за медиуми, каде што работела на национални и меѓународни проекти за професионализација на новинарството и развој на медиумите. Од 2008 до 2016 година била дел од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, како раководителка на Центарот за обука и професионална надградба „Кариера“, каде работела на програми за професионален развој, практична настава и поврзување на студентите со индустријата. 

Дипломирала на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, на насоката корпоративно комуницирање и односи со јавноста. Нејзините истражувачки и професионални интереси се насочени кон стратегиските комуникации, медиумите, медиумската и дигиталната писменост, развојот на комуникациски вештини и дизајнот на кампањи од јавен интерес.