- Писменост за иднината и медиумска писменост
Проект: FutureLit – Подготвени за иднината – дигитално писмени млади
Проектот ги зајакнува писменоста за иднината и дигиталните компетенции кај младите професионалци и студентите, за тие подобро да се подготват за промените во образованието, на пазарот на трудот и во општеството.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
јануари 2025
–
декември 2027
ДОНАТОР
- Европска Унија
ИЗНОС
120.000 евра
СТАТУС
Тековен
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот ги зајакнува писменоста за иднината и дигиталните компетенции кај младите професионалци и студентите, за тие подобро да се подготват за промените во образованието, на пазарот на трудот и во општеството.
FutureLit е Erasmus+ проект за стратешко партнерство во високото образование (KA220-HED), кој има за цел да ја зајакне писменоста за иднината и дигиталните компетенции кај млади професионалци и студенти (18-35 години) од Северна Македонија, Словенија и Австрија.
Проектот ја поврзува писменоста за иднината со дигиталната, медиумската и финансиската писменост, комуникациските вештини и лидерството. Целта е младите да развијат знаења и практични вештини што ќе им помогнат да се справуваат со предизвиците на дигиталната економија и активно да учествуваат во општествените и економските промени.
Во рамки на проектот се спроведува „Академија за подготвеност за иднината“ — петмесечна интерактивна онлајн програма со едукативни модули, месечни предизвици, сценарија за иднината, студии на случај и тимска работа. Програмата завршува со FutureX Online Summit, каде учесниците ги презентираат своите иновативни решенија.
Проектот ќе развие и отворени едукативни ресурси, вклучувајќи онлајн курс за самостојно учење и практичен водич за писменост за иднината, со цел резултатите да останат достапни и применливи и по завршувањето на проектот.



