ИСТРАЖУВАЧКИ ИНТЕРЕС
ПРОФИЛИ И БИБЛИОТЕКИ
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Моника Аксентиевска е програмска координаторка и соработник истражувач во Институтот за комуникациски студии (ИКС). Таа работи на развој, управување и реализација на национални и меѓународни проекти во областа на медиумската и дигиталната писменост, писменоста за иднината, стратегиските комуникации, граѓанското учество и заштитата на животната средина. Нејзината работа опфаќа креирање и водење проекти, учество во истражувања, организирање настани, изработка на комуникациски стратегии и кампањи, како и подготовка на публикации, ресурси и медиумска продукција.
Претходно работела како проектен асистент во Високата школа за новинарство и односи со јавност, каде обезбедувала поддршка во организација на обуки, истражувања и медиумски активности. Била дел и од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост (МАМИЛ)“, кој бил вброен меѓу десетте најдобри европски проекти за медиумска писменост.
Дипломирала на Високата школа за новинарство и односи со јавност во Скопје, на насоката корпоративни комуникации и односи со јавност, а магистрирала на Институтот за комуникациски студии. Нејзините истражувачки интереси се насочени кон медиумската и дигиталната писменост, писменоста за иднината, дезинформациите, стратегиските комуникации, комуникацијата за животната средина, вештачката интелигенција и дигиталните технологии.

