За нас

Портфолио

Во својата работа ИКС ги поврзува истражувањето, образованието и комуникацијата за да одговори на конкретни општествени предизвици. Преку национални, регионални и европски проекти развиваме и применуваме нови истражувачки пристапи, образовни модели, комуникациски решенија и медиумски формати.

Работиме самостојно и во партнерства со универзитети, истражувачки центри, медиуми, јавни институции, граѓански и меѓународни организации. Преку проектите ја применуваме и развиваме нашата експертиза во областите на медиумската писменост, интегритетот на информациите, новинарството, стратегиските комуникации, писменоста за иднината и комуникацијата за наука и животна средина.

Избрани проекти

2026 – 2029

Британска амбасада

КОМПАС: Координиран механизам за заштита од стратешко влијание (COMPASS)

Проектот е насочен кон зајакнување на институционалната и општествената отпорност кон странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) во Северна Македонија. Преку воспоставување национален механизам за координирана реакција, развој на процедури и протоколи за стратегиски и кризни комуникации, обуки и симулациски вежби, проектот ќе придонесе кон подобра подготвеност на институциите за препознавање и справување со малициозни информациски влијанија.

КОМПАС вклучува и поддршка на медиумите и новинарите преку зајакнување на капацитетите за кибер-заштита, подобра соработка со надлежните институции и развој на истражувачки и информативни содржини за дезинформациски кампањи.

Консултантски услуги

Покрај истражувачката, образовната и проектната работа, ИКС нуди и стручни услуги за институции, организации, медиуми и професионални тимови.

Нашите услуги опфаќаат развој на комуникациски стратегии и јавни кампањи, специјализирани обуки и образовни програми, организација и комуникациска поддршка на настани, како и развој на мултимедијални и дигитални содржини.

Секоја соработка ја започнуваме со разбирање на контекстот, потребите и публиките. Истражувачкото и стручното знаење го преточуваме во решенија приспособени на конкретните цели на организацијата, од анализа и концепт до реализација и евалуација.