Сите публикации
  • Писменост за иднината и медиумска писменост

Инфлуенсерите и новата медиумска реалност: растечкиот ризик од странски влијанија

Во последните години, дигиталниот простор во Македонија, како и на глобално ниво, претрпува длабоки и драматични трансформации. Младите генерации сѐ почесто, а во голема мера и ис­клучиво, се информираат преку платформи како Тикток (TikTok), Инстаграм (Instagram) и Јутјуб (YouTube) – дигитални екосистеми што функционираат надвор од традиционалните медиумски правила, без уредничка контрола, систематска верификација на информациите и јасно дефини­рана одговорност за општественото влијание што го создаваат. Во таков контекст, инфлуенсерите се профилираат како нови „јавни гласови“, способни со една објава или видео за кратко време да допрат до десетици илјади корисници.

Овие процеси отвораат значителни можности, но истовремено носат и сериозни ризици. Истражу­вањата на европските институции покажуваат дека странските актери сѐ поинтензивно инвести­раат во обликување и манипулирање на дигиталниот јавен простор – не преку класичните медиу­ми, туку преку инфлуенсери, профили со мемиња и координирани дигитални мрежи. Македонија не претставува исклучок од овие трендови; напротив, ограничениот медиумски пазар, ниската до­верба во институциите и големата зависност од социјалните мрежи ја прават особено ранлива на операции на странско влијание.

  • Преземи на македонски
  • Преземи на англиски
  • Преземи на албански

ГОДИНА

2025

DOI

https://doi.org/10.64370/PFWT3207

UDK

[004.738.5-05:327.8]:34(4-672ЕУ:497.7)(078.7)