Услуги

Знаењето на ИКС,
преточено во пракса.

Зад нас се 15 години искуство во организирање настани, спроведување специјализирани обуки и креирање комуникациски стратегии и кампањи. Секоја наша услуга започнува со темелно истражување и се базира на анализа на податоци и проверени факти. Нудиме решенија каде што аналитичката основа се спојува со креативната и практичната изведба. Работиме со институции, граѓански организации, образовни установи, меѓународни организации, медиуми и компании што сакаат јасно да ги претстават своите заложби и проекти, да стигнат до вистинските публики и да остварат долготрајни и видливи резултати.

Наша предност

Секоја услуга ја засноваме на анализа, јавниот интерес и длабоко разбирање на комуникацијата од планирањето и продукцијата до промоцијата, евалуацијата и препораките за следните чекори.

Што нудиме

Истражуваме темелно, комуницираме етички, создаваме трајни промени.

1. Комуникациски стратегии и кампањи

Развиваме стратегии, јавни кампањи и комуникациски планови засновани на истражување, анализа на публиките и јасно поставени цели. Темите ги претвораме во пораки, активности и канали што стигнуваат до вистинската публика.

За кого

Институции, граѓански организации и компании

2. Организирање на настани

Планираме и организираме конференции, семинари, промоции, јавни дискусии и други настани, со јасна програма, логистика, медиумско покривање и промоција. Настаните ги поврзуваме со релевантни содржини и публики, со цел да постигнат видливи резултати.

За кого

Институции, организации и партнерски мрежи

3. Специјализирани обуки

Развиваме обуки и образовни програми за медиумска и дигитална писменост, стратегиска и кризна комуникација, дигитална комуникација, видеопродукција, фотографија, комуникација за животната средина и климатските промени. Знаењето го претвораме во практични вештини што можат веднаш да се применат.

За кого

Институции, медиуми, образовни установи и компании

4. Мултимедијална продукција

Создаваме видеа, поткасти, кратки формати, публикации и дигитални содржини засновани на истражување, факти и јасно раскажување. Сложените теми ги претвораме во содржини што се разбирливи, привлечни и корисни за различни публики.

За кого

Институции, општини, медиуми и меѓународни организации

Како работиме?

Од бриф до решение, во четири чекори.

Слушаме

Започнуваме со иницијален бриф, разговор со тимот и јасно дефинирање на потребите, целите, публиките и очекуваните резултати.

Креираме

Подготвуваме пристап, методологија, тим и временска рамка, прилагодени на контекстот, буџетот и обемот на ангажманот.

Реализираме

Ги спроведуваме активностите во договорени фази, со редовна комуникација, споделување на меѓурезултатите и можност за навремено насочување и усогласување.

Испорачуваме решение

Подготвуваме финален продукт, извештај или презентација, со јасни заклучоци, препораки и поддршка за следните чекори.

Имате проект на ум?

Контактирајте нè!

Кажете ни со каков предизвик работите. За поголеми ангажмани закажуваме краток воведен разговор пред да предложиме методологија и буџет.

Испратете ни порака!

Одговараме во рок од два работни дена.