Издаваштво
Публикации & изданија
Нашата издавачка дејност е продолжение на истражувачката, образовната и комуникациската работа на ИКС.
За нашите изданија
Од истражување до публикација
Нашите изданија обработуваат теми поврзани со медиумите, комуникациите, медиумската и дигиталната писменост, дезинформациите, јавните политики, животната средина и граѓанското учество. Така, истражувањата и експертското знаење стануваат пошироко достапни и можат да придонесат кон подобро информирање, критичко размислување и поквалитетна јавна дебата.

КАИРОС: Журнал за медиуми и комуниации
КАИРОС е рецензиран журнал за медиуми и комуникации што ИКС го издава од 2022 година. Журналот објавува оригинални научни трудови, прегледни статии и есеи од подрачјата на медиумските студии, комуникациите и сродните општествени науки. Како издание со отворен пристап, КАИРОС создава простор за академска и стручна размена на знаења, истражувања и перспективи за современите медиумски, дигитални и комуникациски процеси.
Отворен пристап
Сите трудови се слободно достапни за читање и цитирање.
Двојно анонимна рецензија
Меѓународни експерти ја проверуваат квалитетот пред објавување.
Без трошоци за авторите
Не наплаќаме за поднесување на ракописи и рецензија.
Архива









