Сите проекти
  • Информациски нарушувања
  • ·
  • Медиуми и новинарство
  • ·
  • Писменост за иднината и медиумска писменост
| Тековен

ИнфоФакто

Проектот развива едукативна платформа за медиумска писменост што ќе им помогне на адолесцентите низ Европа критички да проценуваат дигитални содржини и да препознаваат дезинформации, вклучително и содржини креирани со вештачка интелигенција.

ИнфоФакто

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

јануари 2025

–

декември 2027

ДОНАТОР

  • Европска Унија

СТАТУС

Тековен

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот развива едукативна платформа за медиумска писменост што ќе им помогне на адолесцентите низ Европа критички да проценуваат дигитални содржини и да препознаваат дезинформации, вклучително и содржини креирани со вештачка интелигенција.

„ИнфоФакто“ е проект за медиумска писменост, чија цел е да ги зајакне вештините на младите за критичко разбирање на онлајн содржини, особено на социјалните мрежи, каде што дезинформациите се шират брзо и често во нови форми поврзани со вештачката интелигенција.

Во рамки на проектот ќе се развиваат интерактивни педагошки патеки што ќе им помогнат на адолесцентите да ги проценуваат дигиталните информации, да ги препознаваат манипулативните содржини и поодговорно да се вклучуваат во онлајн средината.

Освен младите, проектот ги вклучува и наставниците, обучувачите, родителите, новинарите и истражувачите, кои имаат важна улога во развојот на медиумската писменост. За нив ќе бидат подготвени обуки и ресурси што ќе им помогнат да ги пренесат овие знаења на младите.