Дејан Андонов
М-р Дејан Андонов е програмски координатор во Институтот за комуникациски студии и е одговорен за развој на магистерските студии и за висококвалитетно спроведување на двете студиски програми за (1) Менаџирање на стратегиски комуникации и (2) Медиумски менаџмент. Неговите академски и професионални знаења и искуство првенствено се во областа на комуникациите и медиумите и бил вклучен во бројни и различни активности. Андонов има долгогодишно искуство во организирање и спроведување програми, предавања и обуки за односи со јавност, новинарство и медиумска писменост, тој е коавтор на научни и применети истражувања и публикаци и е извршен продуцент на кратки документарни филмови и видеа. Тој е секогаш високомотивиран да обезбеди успех на целиот тим и на крајните цели.