За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Тим на ИКС

Владимир Делов работи во Институтот за комуникациски студии како проектен менаџер. Делов е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и има повеќегодишно искуство во областа на односите со јавноста во јавниот сектор.

Јорданка е психолог и магистер на комуникации. Своето професионално искуство го гради во различни меѓународни и домашни организации и институции, работејќи на проекти поврзани со деца и млади, образование, детски права, психосоцијална поддршка, демократско владеење и економски раст.