fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Младите размислуваат (YouThink)

Проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ се фокусира на развивање на вештините за критичко размислување и критички пристап кон информациите кај младите кои им се потребни за да изградат отпорност на дезинформации и да придонесат за градење активно, одговорно граѓанство водено од емпатија.

ИКС во следните пет години ќе работи на унапредување на медиумската писменост во високото образование, а ќе соработува и со медиумите и новинарите за развивање вештини за продукција на медиумски содржини од младите за младите.  Проектот се имплементира со поддршка од УСАИД, а го спроведуваат ИКС, ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми, и Младинскиот образовен форум.

 

Времетраење: 2020 – 2025

 

Патнери кои го спроведуваат: ИКС, ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми, и Младинскиот образовен форум

 

Донатор: УСАИД

Date: