fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина (SHAPE)

Цел на проектот

Целта на проектот е да овозможи за граѓанското општество, особено граѓанските организации (ГО) и млади луѓе, збир на вештини и знаења за заштита на јавниот интерес и животната средина во нивните заедници. Предвидува партнерство помеѓу ГО и средните училишта како механизам за зајакнување на локалната соработка на засегнатите страни и ангажирање на младите за почиста и поздрава животна средина.

Планирани активности 

  • А1: Утврдување на клучни приоритети за работа
  • А2: Суб-грантирање
  • A3: Едукативен еко камп „Креирај ја својата иднина“
  • А4: Кампања за јавен интерес и менторство
  • А5: Одржливи ресурси за еко-свесност и младински еко-активизам
  • А6: Национален настан за подигање на свесноста

Времетраење: 01.03.2020 – 31.03.2022

Го спроведуваат: Институт за комуникациски студии (лидер), Македонско еколошко друштво (партнер)

Донатор: Европска Унија

Date: