Дигитален активизам е онлајн платформа каде што на едно место може да ги најдете сите ресурси на Институтот за комуникациски студии изработени во различни проекти. Целта на платформата е да им овозможи на граѓаните, активистите, медиумите, училиштата, невладините организации и сите други полесен пристап до едукативни и информативни материјали од областа на комуникациите, новинарството, медиумската писменост, дигиталниот активизам, јавниот интерес и екологијата.
На онлајн платформата Дигитален активизам можете да најдете едукативни видеа, вебинари, прирачници, квизови, инфографици, едукативни постови како и блогови објавени на ResPublica, Дома и Стоп дезинформации.