„Локална акција за подобри политика за заштита на животната средина – SHAPE“ е проект на Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво, кој има за цел да им овозможи на граѓанските организации и младите да стекнат вештини и знаења за заштита на животната средина.
Проектот предвидува воспоставување партнерства на средните училишта и граѓанските организации од шест региони во Македонија, кои ќе предложат акција за решавање на локален проблем од областа на животната средина. Двете организации ќе ги обучуваат еко-активистите и учениците од Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа како да иницираат и претстават одреден проблем во нивниот регион, а во чие решавање ќе ги вклучат граѓаните и институциите.
Проектот се реализира со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).