|

Покана за учество на FutureX Summit 2026

Што значи да се биде подготвен за иднината?

Живееме во време обележано со брзи технолошки промени, вештачка интелигенција, нови професии, неизвесности и предизвици што не можеме целосно да ги предвидиме. Во таков контекст, едно прашање станува особено важно: Како денес да ги подготвиме младите за иднина што не можеме целосно да ја предвидиме?

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува на FutureX Summit 2026, посветен на знаењата, вештините и пристапите што ни помагаат да се снаоѓаме во услови на неизвесност и активно да ја обликуваме иднината. Самитот ќе се одржи на 19 ноември 2026 година, од 11:00 до 13:30 часот, во Europe House Скопје, со можност за учество и онлајн.

Во фокусот на самитот ќе бидат компетенциите за иднината и подготвеноста за неизвесност, улогата на образованието во свет што брзо се менува, кариерниот развој и иднината на работата. Ќе разговараме и за бизнис иновациите и лидерството, како и за улогата на вештачката интелигенција и информациите во дигиталното општество.

Меѓу говорниците ќе бидат Рамила Кафаџи Заде, експертка за писменост за иднините од Универзитетот Ханзе за применети науки, Холандија, проф. Кирил Барбареев, Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“, Данчо Димков, консултант, автор и претприемач, Томаж Павлица, експерт за бизнис иновации, стратегија и организациска трансформација од Словенија и д-р Александра Дединец, членка на тимот на проектот Vezilka.

Во рамките на самитот ќе бидат претставени и проекти развиени од учесниците на Академијата за подготвеност за иднината, меѓународна образовна програма реализирана во рамките на Erasmus+ проектот FutureLit.

Работни јазици на настанот се македонски и англиски.

Во прилог е агендата на настанот: Програма за FutureX Summit (PDF)

Учеството е бесплатно. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 18 ноември преку соодветниот формулар, во зависност од тоа дали настанот ќе го следите онлајн или физички во Europe House Скопје:

Регистрација за онлајн следење

Регистрација за физичко присуство

Со нетрпение очекуваме заедно да разговараме за тоа како подобро да се подготвиме за иднината.

Лице за контакт: Јорданка Черепналкова-Трајкоска,

Програма за FutureX Summit

Што значи да се биде подготвен за иднината?
19 ноември 2026 година
Europe House Скопје, „Св. Кирил и Методиј“ бр. 32-б, Скопје

ВремеСесија
11:00–11:15Добредојде и отворање
Поздравни обраќања и кратко претставување на проектот FutureLit, Академијата за подготвеност за иднината (Future Readiness Academy) и целите на самитот.
Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
Проф. Весна Јаневска, министерка за образование и наука
Проф. Татјана Хорват, деканка на Факултетот за менаџмент при Универзитетот на Приморска (Словенија)
11:15–11:35Разговор за иднината
Како да се снаоѓаме во иднини што не можеме да ги предвидиме?
Рамила Кафаџи Заде, експертка за писменост за иднините (Futures Literacy), Универзитет Ханзе за применети науки (Hanze University of Applied Sciences), Гронинген, Холандија
11:35–12:35FutureX дијалог
Панел-дискусија: Како компетенциите за иднината можат да ни помогнат да носиме подобри одлуки денес, кога иднината не може целосно да се предвиди?
Модераторка: Јорданка Черепналкова-Трајкоска (ИКС)
За што треба образованието да ги подготвува младите ако не знаеме каков ќе биде светот во кој ќе живеат и работат?
Панелист: проф. Кирил Барбареев, Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Дали е подобро да се има јасен план за кариерен пат или да се остане отворен за можности што сè уште не можеме да ги предвидиме?
Панелист: Данчо Димков, BizzBee solutions, Скопје
Кои претпоставки за иднината најчесто ги ограничуваат организациите и им отежнуваат да се менуваат?
Панелист: Томаж Павлица, директор и консултант во Palok d.o.o., Словенија
Кои способности е важно младите да почнат да ги развиваат уште денес, за да останат активни и одговорни учесници во дигиталното општество на иднината?
Панелистка: д-р Александра Дединец, ФИНКИ / тимот на проектот Vezilka
12:35–12:55Презентација на Академијата за подготвеност за иднината
Идеи од новата генерација
Избрани учесници од Северна Македонија, Словенија и Австрија ќе претстават проекти, идеи и перспективи развиени во рамките на Академијата за подготвеност за иднината.
12:55–13:10Гласот на студентите
Панел-дискусија: Што би промениле уште денес?
Модераторка: Моника Аксентиевска (ИКС)
Кратки реакции на дискусиите од самитот: Што би им рекле на панелистите и зошто?
Панелисти: студенти од Академијата
Размислувања: Што е една работа што треба да почнеме да ја правиме поинаку уште денес за да бидеме подобро подготвени за утре?
Панелисти: студенти од Академијата
13:10–13:20Од проект до практика
FutureLit и по завршувањето на проектот: ресурси за студенти, наставници, универзитети и организации
13:20–13:25Затворање
Поглед кон иднината: клучни пораки од самитот и завршни обраќања