Целиот тим
Владимир Делов профилна фотографија

Владимир Делов

Соработник-истражувач и проектен менаџер

Магистер по стратегиски комуникации

ИСТРАЖУВАЧКИ ИНТЕРЕС

стратегиска и кризна комуникација, јавна дипломатија и ЕУ интеграции, медиумски односи, информациски нарушувања, политичка комуникација

ПРОФИЛИ И БИБЛИОТЕКИ

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Владимир Делов е проектен менаџер и соработник истражувач во Институтот за комуникациски студии (ИКС). Тој работи на развивање, управување и спроведување национални и меѓународни проекти и комуникациски активности во рамки на програми поддржани од ЕУ, УСАИД и други донатори. Неговата работа опфаќа планирање и реализација на јавни кампањи, медиумски односи, комуникациски стратегии, дигитална видливост, организација на настани и партнерска соработка со меѓународни институции. 

Пред да се приклучи на ИКС, Делов работел повеќе од пет години во јавниот сектор како портпарол и советник за односи со јавност во три министерства: одбрана, правда и образование и наука. Во овие улоги бил одговорен за комуникација со медиуми, подготовка на соопштенија и јавни настапи, организација на прес-конференции и јавни настани, како и усогласување на стратегиските пораки. 

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиите по политички науки, а магистрирал на Институтот за комуникациски студии. Неговите истражувачки и професионални интереси се фокусирани на стратегиски комуникации, јавна дипломатија, кризни комуникации, медиумски односи, дезинформации, дигитална комуникација и ЕУ интеграции.