За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Image Alt

УНЕСКО катедра за писменост за иднината и медиумска писменост

За УНЕСКО катедрата

УНЕСКО Катедрата за писменост за иднината и медиумска писменост е основана во 2022 година во рамки на ИКС со цел зајакнување на медиумската писменост за поттикнување на активно граѓанство, особено кај младата популација. Во моментов, постои јаз во медиумската писменост во постојните образовни програми, што може да го ограничи професионалното и јавното разбирање на предизвиците на дигиталните медиуми.

Катедрата има за цел да ги изедначи условите за игра за сите, особено за оние кои сакаат да се ангажираат граѓански или политички. Катедрата ја интегрира медиумската писменост со писменоста за иднината, прилагодена за младите и возрасните подобро да ја разберат современата медиумска средина и активно да учествуваат во општеството.

Носителка на катедрата

Проф. д-р Жанета Трајкоска, директорка на Институт за комуникациски студии (ИКС),

Kонтакт лице

Моника Аксентиевска, проектна менаџерка,

Институт за комуникациски студии: +389 2 3090 004,

Поврзани вести

Започнува „BACK TO THE FUTURE“: интерактивни онлајн курсеви за писменост за иднината за студенти

Во време на брзи технолошки и општествени промени, сè поважно станува младите да умеат да ја „читаат“ иднината, да препознаваат трендови, да замислуваат алтернативни сценарија и да носат информирани одлуки во услови на неизвесност.

Започнува „FutureLit“ – проект што ги подготвува младите за иднината

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го започна проектот „FutureLit: Подготвени за иднината – дигитално писмени млади“, поддржан од програмата Еразмус+ за партнерства во високото образование.

Вештините на средношколците за препознавање на дезинформации во трка со вештачката интелигенција

Средношколците поседуваат вештини за препознавање на дезинформациите со кои како што велат растеле заедно, но и понатаму се случува дел од нив да „се лизнат“ и да споделат или да поверуваат во некоја манипулација. Нивниот впечаток е дека дезинформациите се масовно присутни на сите социјални мрежи, а за да ги проверат користат различни техники од проверка на изворот, кој ја напишал и споделил веста, дали веста е споделена на други медиуми, дали во веста има релевантни извори.

Писменоста на иднината – клучна компетентност за поединците и општествата да напредуваат во 21 век

Во денешниот свет кој брзо се развива, клучна станува способноста да се разберат и да се предвидат идните трендови. Со продорот на вештачката интелигенција во во сите аспекти од општеството, писменоста на иднината добива нова димензија.

Заврши студентската школа за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО

Групна фотографија на учесниците на студентската школа за информациска и медиумска писменост на УНЕСКО

Институтот за комуникациски студии (ИКС) во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) организираше презентација на Водичот за обучувачи – Развивање вештини за медиумска писменост.

Медиумски ден за средношколци по седми пат

Повеќе од 150 средношколци од 12 средни училишта низ државава учествуваа на Медиумскиот ден кој ИКС традиционално по седми пат го организираше со посета на медиумски куќи со цел учениците одблиску да се запознаат со медиумите и новинарската професија. За време на посетата, средношколците освен што се запознаа со начинот на кој функционира една редакција, тие седнаа и пред камерите, микрофоните и за кратко се ставија во улога на новинари. Одбележувањето на медиумскиот ден се заокружи со дискусија на тема: „Дали дезинформациите се опасни или се само една несолена шега? На дебатата беше промовирана и апликацијата „Чичко Мрчатор“ која преку [...]

Кампот за медиумска писменост во 4 минути

33 учесници од 17 училишта од 10 града овој јануари учеа како да препознаат дезинформации, да пишуваат вест, да направат добра фотографија, да снимаат и монтираат видеа на телефон.

Никој не е заштитен од дезинформации

Сите, од најмлади до највозрасни, сме подложни на дезинформации. Но, трикот е како во таа суптилна пропаганда да се дојде до вистинската информација и најважно, како да се заштитиме од дезинформациите. За ова дискутиравме на втората работилницата која Институтот за комуникациски студии ја организираше за членовите на здружението на пензионери на Општина Штип.

Да научиме да препознаваме дезинформации

Секојдневно сме „бомбардирани“ со безброј информации и од традиционалните и од новите медиуми, а особено на социјалните мрежи, поради што сѐ потешко е да се дојде до вистинската информација.

Камп за медиумска писменост 2023

Раскажи го твојот омилен филм како вест. Нареди ги вестите по важност. Преку фотографии или видео раскажи општествено важна приказна.

Средношколците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ учеа како да препознаваат дезинформации

Зошто се важни медиумите? Што е вест, а што дезинформација? Како да ги препознаеме и каде да ги пријавиме дезинформациите? Ова се дел од темите на кои дискутиравме со четириесетина учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ на медиумската лабораторија „Техники на новинарско пишување и препознавање на дезинформации“. Исто така, средношколците учеа како се пишува вест според новинарските стандарди, а потоа пробаа и самите да одговорат на 5-те прашања што треба да ги има една вест. Потоа добија и втор предизвик вестите кои ги пишуваа да ги развијат во новинарски приказни. Медиумската лабораторија е дел од проектот „Користи факти“, кој го спроведува [...]

Средношколците најчесто препознаваат дезинформации во здравството и политиката

Дезинформациите најчесто ги препознаваат во ударните и бомбастични наслови на социјалните мрежи велат учениците од средното медицинско училиште од Гостивар

Медиумски ден 2022 во три минути

140 ученици од различни делови од земјата посетија национални, регионални и локални медиуми каде што одблиску се запознаа со новинарската работа, но и со тоа како медиумите се справуваат со дезинформациите. Застанаа пред ТВ-камерите, седнаа „да водат вести“, ја почувствуваа и магијата на радиото и се забавуваа. Погледнете во три минути како помина #МедиумскиДен2022. На Медиумскиот ден, учествуваа ученици од 13 училишта од 10 града: Скопје, Битола, Богданци, Валандово, Виница, Велес, Гевгелија, Дебар, Куманово и Струмица, коишто ги посетија Македонската радио телевизија, Медиумската информативна агенција (МИА), Радио МОФ, ТВ Сител, ТВ 21, ТВ Вис, ТВ Тера, и ТВ Плус. Оваа […]

„Медиумски ден“ на ИКС по шести пат

На 30 септември (петок), Институтот за комуникациски студии ќе го организира шестиот Медиумски ден. Околу 130 ученици од 13 училишта ќе ги посетат МРТ, ТВ 21, Радио МОФ, ТВ Плус, ТВ Тера и ТВ Вис кои се традиционални домаќини, и ТВ Сител и Медиумската информативна агенција (МИА) кои прв пат ќе се приклучат на традицијата. На Медиумскиот ден учениците ќе се запознаат со работата на новинарите, ќе видат како функционираат редакциите, како се креираат медиумските содржини, но и ќе дознаат како медиумите се справуваат со дезинформациите. По посетите на медиумите, средношколците ќе учествуваат на дебата за заштита од дезинформациите на […]

Цели на катедрата

Главните цели на УНЕСКО катедрата се:

  1. зајакнување на вештините на различни групи на население, вклучително и младите генерации и загрозените групи за справување со дигиталниот простор;
  2. да го зајакне истражувањето во областа на „писменост за иднината“ и медиумска писменост и да ги зајакне вештините, знаењето и разбирањето за комуникациските технологии и медиумските содржини што ги консумираат и креираат граѓаните;
  3. да поттикне национална и меѓународна соработка за инклузивни и правични општества.

Катедрата ќе се фокусира на комуникациските права и слободи, дигиталната демократија, медиумските трансформации, јавниот ангажман и развојот на политиките за медиуми и образование. За таа цел, ќе промовира интегриран систем на образование, истражување, обука, информации и издавачки активности во областа на медиумите, новинарството и комуникациските студии со силен акцент на писменост за иднината како мета-вештина за 21-от век, како и медиумска и писменост за вести.

Фокус на активностите

  • Зајакнување на компонентата на дигиталното граѓанство и писменост за иднината во рамките на активностите на ИКС за да им се овозможи на младите но и други групи во населенето и да ги усвојат и имплементираат знаењата и вештините за справување со раастечкиот наплив на информации во медиумскиот простор.
  • Иницирање и спроведување на академски и применети истражувачки проекти поврзани со медиумската писменост и писменост за иднината.
  • Објавување трудови, прирачници и други едукативни материјали од двете области со цел да се унапреди теоријата и да се подобри споделувањето на знаењето и искуството помеѓу локалните истражувачи и експерти, медиумски професионалци, студенти и млади.
  • Развивање и ширење на нови медиумски производи на теми поврзани со писменост за иднината и дигиталното граѓанство.
  • Воспоставување нови мрежи и нови партнерства меѓу високообразовните институции, истражувачки институти, невладини организации, медиуми, фондации и организации од јавниот и приватниот сектор.

Партнерства

Партнерствата со УНЕСКО, универзитетите, истражувачките институции и претприемачите ќе придонесат за посилното влијание на Катедрата. Целта на развивањето на писменоста за иднината е да научиме да размислуваме покреативно, критички и пошироко за иднината. Катедрата, исто така, се надоврзува и ги надополнува напорите на УНЕСКО за спроведување на јасен, сеопфатен и широк сет на активности за справување со ширењето и влијанието на онлајн дезинформациите во Европа и за обезбедување заштита на европските вредности и демократските системи.

Катедрата има амбиција понатаму да се развива и да прерасне кон глобално призната иницијатива за истражување на писменоста на иднината и како тоа влијае на дигиталното граѓанство, вклучително и богата размена на истражувачи со партнерски универзитети.