За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

КАИРОС

Сите текстови се „двојно слепо“ прегледани. Меѓународни експерти од академската и истражувачката заедница се вклучени во постапката на анонимни „двојно слепи“ рецензии. Во таа смисла, списанието им нуди на авторите можност да ги подобрат своите текстови со користење на анонимни осврти во согласност со најдобрите академски и истражувачки стандарди.

Списанието ќе биде посветено на актуелните прашања и на идните трендови и случувања во медиумските и во информациските студии, медиумското образование, како и на нивните социолошки, психолошки, политички, јазични и технолошки аспекти.

ИКС го објави второто издание на КАИРОС. Прочитајте ги трудовите на професори, истражувачи и експерти на теми поврзани со новите дигитални медиуми и како влијаат врз медиумската писменост и критичкото размислување.

ИКС го објави првото издание на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации. Во него, можете да ги прочитате трудовите на професори, истражувачи и експерти на теми поврзани со медиумската писменост и критичкото размислување.