fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

КАИРОС број 4 | јуни 2024

ISSN: 2955-1927

„Каирос“ – журнал за медиуми и комуникации е основан во 2022 година од страна на Институтот за комуникациски студии од Скопје, Македонија. „Каирос“ е меѓународно научно списание со отворен пристап и платформа за размена на знаења и идеи помеѓу наставници, академици, истражувачи, студенти и други стручни лица од областа на медиумите и комуникациите. Наменето е за академската и стручна јавност која сака да дискутира за иновативни идеи и практики, а содржи и студии на случај од оваа област. Списанието ќе биде посветено на актуелните прашања и на идните трендови и случувања во медиумските и во информациските студии, медиумското образование, како и на нивните социолошки, психолошки, политички, јазични и технолошки аспекти.

Освен овие области, добредојдени се и други текстови и прилози кои нудат нови перспективи и решенија што се релевантни за медиумите, комуникациите, образованието, стратешкиот менаџмент и бизнисот, и тие ќе бидат земени предвид за објавување во идните изданија на „Каирос“. Сите текстови се „двојно слепо“ прегледани. Меѓународни експерти од академската и истражувачката заедница се вклучени во постапката на анонимни „двојно слепи“ рецензии. Во таа смисла, списанието им нуди на авторите можност да ги подобрат своите текстови со користење на анонимни осврти во согласност со најдобрите академски и истражувачки стандарди. Журналот е објавен како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост YouThink.

Станува збор за петгодишна програма финансирана од УСАИД, која работи со младите за да им помогне да се движат и да обликуваат информативен екосистем што информира и ангажира наместо да дели и да поларизира. Проектот го спроведуваат ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум.

Трудови

Деконструкција на медиумската манипулација: постои ли вистинска разлика меѓу односите со јавноста и спининго

Жанета Трајкоска

Страници: 6-20

Комуникациските димензии на корпоративното управување како компоненти на комуникативната поставеност на организациит

Пеѓа Ашанин-Голе

Страници: 21-35

Дигиталните медиуми и нивното влијание кај ученицит

Маја Митевска-Поцева

Страници: 36-50

Интернетот како сфера на јавната политик

Сеад Џигал

Страници: 51-65

Влијанието на медиумската писменост врз социјалната интеграција кај деца со попреченос

Марија Давчевска

Страници: 66-78

Музичката дејност во Словенија и во Босна и Херцеговина во периодот на карантин поради епидемијата со ковид-19

Андреј Распор, Петра Клајндајнст, Зоран Мастило, Андријана Мркаиќ-Атељеви, Бојан Ројко, Предраг Љуботина

Страници: 79-100

Медиумско покривање на уставните измени во Северна Македонија: Фокусна студиј

Едлира Палоши-Диша

Страници: 101-113