fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

КАИРОС број 1 | јуни 2022

„Каирос“ – журнал за медиуми и комуникации е основан во 2022 година од страна на Институтот за комуникациски студии од Скопје, Македонија. „Каирос“ е меѓународно научно списание со отворен пристап и платформа за размена на знаења и идеи помеѓу наставници, академици, истражувачи, студенти и други стручни лица од областа на медиумите и комуникациите. Наменето е за академската и стручна јавност која сака да дискутира за иновативни идеи и практики, а содржи и студии на случај од оваа област. Списанието ќе биде посветено на актуелните прашања и на идните трендови и случувања во медиумските и во информациските студии, медиумското образование, како и на нивните социолошки, психолошки, политички, јазични и технолошки аспекти.

Освен овие области, добредојдени се и други текстови и прилози кои нудат нови перспективи и решенија што се релевантни за медиумите, комуникациите, образованието, стратешкиот менаџмент и бизнисот, и тие ќе бидат земени предвид за објавување во идните изданија на „Каирос“. Сите текстови се „двојно слепо“ прегледани. Меѓународни експерти од академската и истражувачката заедница се вклучени во постапката на анонимни „двојно слепи“ рецензии. Во таа смисла, списанието им нуди на авторите можност да ги подобрат своите текстови со користење на анонимни осврти во согласност со најдобрите академски и истражувачки стандарди.

Списанието е објавено како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост YouThink. Станува збор за петгодишна програма финансирана од УСАИД, која работи со младите за да им помогне да се движат и да обликуваат информативен екосистем што информира и ангажира наместо да дели и да поларизира. Проектот го спроведуваат ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум.

Трудови

Децата и различноста во медиумите: Што е она што го пропуштаме?

Автор: Ева Лондо

Клучни зборови: Слики преку медиуми, когнитивно знаење, различност

Важноста на критичката писменост за наставниците и за студентите кога користат платно на бизнис-модел како алатка

Автор: Каролина Бабиќ, Пеѓа Ашанин Голе

Клучни зборови: Критичка писменост, бизнис моделирање, комуникација, критичка педагогија

Новинарството во дигиталното време и улогата на саморегулацијата на медиумите

Автор: Марина Тунева

Клучни зборови: Саморегулирање, дезинформација, дигитална ера, етика, медиумска писменост

Медиумите и медиумскиот модел како фактор за медиумската култура во Република Северна Македонија

Автор: Јасна Бачовска-Недиќ, Жаклина Хаџи-Зафирова

Клучни зборови: Медиуми, медиумска култура, комуникации, новинарство

Универзитетско образование за медиумска писменост: Студија на случај – Универзитет на Југоисточна Европа (УЈИЕ)

Автор: Демуш Бајрами, Албулена Халили, Едлира Палоши Диша, Шемседин Ибрахими

Клучни зборови: Образование за медиумска писменост, Универзитет на Југоисточна Европа

Воведување медиумска писменост во училницата

Автор: Билјана Темелкова, Јулијана Златевска, Сашка Делова

Клучни зборови: Образование, медиумска писменост

Медиумска писменост: Потреба или неопходност во 21 век?

Автор: Мартина Глигорова

Клучни зборови: Медиумска и информациска писменост, (онлајн) медиуми, европски регулативи, медиумско образование

Наративот во дигиталниот простор, говорот на омраза и обидот за нивно етичко прочистување

Автор: Виолета Цветковска

Клучни зборови: Етика, дигитален говор, говор на омраза, лажни вести

Како училиштата ги ползуваат односите со јавноста и социјалните медиуми за информирање на јавноста

Автор: Тане Димовски

Клучни зборови: Односи со јавноста, социјални медиуми, комуникации